Проектот „Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност“ ги даде очекуваните резултати Eдукација на компаниите за нови вештини и вмрежувањето со научно истражувачките институции, се резултатите од спроведување на проектот „Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност“, кој во изминатите две години го спроведуваше Фондацијата за мали и средни претпријатија во Куманово.
Сабота работен ден за градинките Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата.
Градоначалникот Димитриевски во Америка Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, од минатата недела е во Америка.
Во сабота административците ќе чистат за да го одработат 2 јануари Сабота ќе биде работен ден за вработените во јавната администрација
Пријавување за онлајн маркетинг на занаетчиски и мали бизниси Сопствениците на мали бизниси и занаетчиите, имаат можност да се пријават за учество во европски проект за зголемување на конкурентноста преку онлајн маркетинг.
Изложба на фотографии и постери „Она што го гледаме за последен пат“ во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 19.30 часот, ќе се реализира изложба - На маргините на скопскиот регион - сакрални објекти и рурална архитектура „Она што го гледаме за последен пат“ .
Се отстрануваат времените објекти на улицата „11 Октомври“ Општина Куманово денеска започна со отстранување на времени објекти на улицата „11 Октомври“, над Градската џамија, со цел да создаде простор за изградба на уличка која ќе го растерети метежот во центарот на градот.
„Жена од минатото“ ќе го отвори камерниот фестивал „Денови на Јурислав Корениќ“ во Сараево Претставата „Жена од минатото“ на Кумановскиот театар, утре вечер ќе го отвори Фестивалот за камерни претстави „Денови на Јурислав Корениќ“, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.
МВР апелира да не се употребуваат петарди, над 150.000 луѓе во светот секоја година остануваат инвалиди Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не користат петарди и ги известува дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.
Прегазен пешак во центарот на Куманово Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што синоќа се случи во центарот на Куманово.
Владата донесе одлука да се врати спортската сала и другите спортски објекти на Куманово Владата на денешната седница донесе одлука спортската сала во Куманово и другите спортски објекти, кои дваесетина години беа под под концесија од приватни фирми, да се вратат на Општина Куманово.
Одбележан Денот на превентивно работење во полицијата Општински совет за превенција од детско претстапништво, Општински совет за безбедност на сообраќај на патишта и Локалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, се само дел од телата кои функционираат, заради превентивно дејствување и спречување на појава на девијантните појави во Општина Куманово.
Од ноќеска поевтинуваат бензините Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Аптеки „Каисер“ донираа перници и топломери во Кумановската болница Перници и топломери донираше aптеката „Каисер“ на Инфективното одделение во Општа Болница Куманово. Донацијата е само прв дел од хуманитарната акција којашто се` уште трае.
МТСП ги повикува компаниите да исплаќаат К-15 на работниците Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на К-15 до крајот на годината.
Протест против аерозагадувањето - „Куманово се гуши“ Граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“, во недела во 5 до 12, пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, организира протест поради големото загадување во Куманово.