Дедо Љубе доби ослободителна пресуда за убиството и условна казна за поседување оружје Љубомир Митев (79) од Којково, на јавноста познат како дедо Љубе, ослободен е од обвинението за убиство и ранување на напаѓачите во неговиот дом во кратовското село Којково, a доби две години услова казна да не го повтори делото за 4 години, за нелегално поседување на оружјe.
Постигнат договор за зголемување на платите на лекарите Од февруари наредната година, платите на лекарите специјалисти ќе се зголемат за 25 проценти, додека пак на медицинските сестри за 10 отсто.
Загина пешак на патот Куманово - Крива Паланка На магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, вчера во 15.40 часот, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од с.Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од с.Градец, кривопаланечко.
Претставата „Ревизор“ на ФДУ во Кумановскиот театар Актерите кои неодамна дипломираа на Факултетот на драмски уметности во Скопје, во класата на Мими Таневска Србиновска и дем. Ангелчо Илиевски, денеска (вторник) во 20 часот во Театар Куманово, ќе ја играат претставата „Ревизор“ по текст на Николај Васиљевич Гогољ.
Свечена седница за Денот на ослободувањето и 500 години Куманово Одговорни сме за својот град, посветени на оддржувањето и негувањето на сите светли придобивки од минатото, вложувајќи сили и време во надоградувањето и развојот на сите позитивни и значајни капацитети, - истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на денешната свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Куманово.
Ново поскапување на горивата Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Отворена изложбата на кумановските ликовни уметници Во Уметничката галерија во Куманово, синоќа беше отворена изложбата на кумановските ликовни уметници, по повод пет века Куманово и Денот на ослободување на градот.
Седумдневна временска прогноза за Куманово Во текот на овој ден не` очекува претежно сончево време, со максимална температура до 16 степени, а веќе во вечерните часови се очекува облачно време со темпратура од 10 степени.
Пронајдена бомба од Втората светска војна Неактивирана рачна бомба од Втората светска војна, пронајдена е при вршење на градежни работи во Куманово.
На 11 Ноември 1944 година Куманово ја дочека слободата во радост и солзи На 11 Ноември 1944 година, Куманово осамнало ослободено од фашистичкиот окупатор. Борците кои учествувале во последните пресметки со германската војска, раскажуваа за тешките моменти и големата радост за слободата и големата победа над окупаторот.
Се збратимија Куманово и Нови Сад Градоначалниците на Куманово и Нови Сад, Максим Димитриевски и Милош Вучевиќ, потпишаа договор за збратимување на двете општини.
2019 година ќе се памети како година на раздолжувањe и инвестиции, рече Јовановска на прославата на 11 Ноември Иако не беше лесно, успејавме да го вратиме наследениот долг од 750.000 евра, да се раздолжиме кон големиот број на доверители и да ги решиме проблемите со напластените обврски.
Проекција на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски во Куманово На 11 Ноември, со почеток во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе биде прикажан новиот филм на еден од најголемите македонски режисери, Милчо Манчевски.
Голема роденденска забава - 10 години Алфи Техноцентар Алфи Техноцентар во понеделник слави десет години постоење, а за роденденската забава подготвува специјални изненадувања за сите потрошувачи.
Интервју Оливер Спасовски: Славиме јубилеј кој сведочи за непокорот на Куманово Локалниот патриотизам започнува и завршува со нашиот однос кон нашиот град, тоа е мојот принцип, тие вредности сакам да ги истакнам и да ги негувам. Ние кумановци сме друг ков и тоa смe го покажалe со нашиот однос кон секој што не бил правичен и праведен. Затоа да продолжиме заедно да го градиме Куманово, да ја градиме Македонија како достоинствени места за живот, напредна, безбедна, сигурна, стабилна, општество за сите нејзини граѓани, - порача меѓу другото Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, во интервјуто за Кумановоњус.мк, по повод големиот јубилеј 500 години Куманово.
„ЛАГ АБЕР 2015“ ќе ја уредува туристичката инфраструктура на Кокино Невладината организација „ЛАГ АБЕР 2015“, со средства обезбедени проект ќе ја уредува туристичката инфраструктура околу локалитетот Кокино.