Педесетина невработени добија грант од 5.000 и 10.000 евра за отпочнување на свој бизнис Педесетина невработени лица од Куманово, добија неповратни средства во висина од 5.000 или 10.000 евра, за да започнат свој бизнис преку програмата за самовработување, која ја спроведува Владата и УНДП.
Математичка школа и оваа есен Сојузот на математичари на Македонија ја организира Есенската математичка школа 2019 наменета за учениците од основните и средните училишта од целата држава.
Oтворeна Изложбата на македонски стрип автори во Куманово Во Изложбениот салон во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово, синоќа беше отворена изложбата на печатени стрип изданија.
Пола Липково без струја Потрошувачите на повеќе липковски села денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Општина Куманово потпиша меморандум за урбана мобилност Претставници од општините Куманово, Велес, Битола, Кавадарци и Карпош денеска во просториите на ЗЕЛС потпишаа меморандум за посветеност кон имплементација на мерките за одржлива урбана мобилност со што заврши конференцијата „Поддршка на локалните самоуправи на РСМ во промоција на одржлива урбана мобилност“.
Метален столб падна на билборд Метален столб од електрично осветлување падна на билборд на крстосницата на улиците „Гоце Делчев“ и „Трета МУБ“ во центарот на Куманово.
Промоција на книгата „Афирмации за деца“ од Драгана Краљевска Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“-Куманово, утре (петок) во 17 часот ќе се одржи промоција на книгата „Афирмации за деца“, од педагогот Драгана Краљевска.
Научете ги броевите, вежбајте, пишувајте и бришете со волшебното фломастерче Просветно дело ви нуди голем избор математички наслови - вежбанки наменети за деца од различна возраст.
СДСМ организира еколошка акција на Зелен рид Во сабота ќе се одржи еколошка акција во населбата Зелен рид. Акцијата ја организира општинската организација на СДСМ, со поддршка на Општината, ЈП „Чистота и зеленило“ и урбаната заедница од населбата.
Фото клуб Куманово организира бесплатна школа за уметничка фотографија Фото клубот Куманово, по шести пат организира бесплатна школа за уметничка фотографија, во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани.
Премиера на „Макбет“ во Кумановскиот театар Во Театар Куманово, утре (петок) во 20 часот, премиерно ќе се одигра драмата „Макбет“ од Вилијам Шекспир, во режија на Андреј Цветановски.
Пет пожари во изминатото деноноќие, горела сува трева и контејнер На територијата на Општина Куманово, во изминатите 24 часа, регистрирани се 5 пожари. Четири биле во селските средини, додека еден во центарот на градот.
Македонски бизнисмен со фирма од Куманово, ја хакирал страната на „Ветераните за Трамп“ Бизнисмен од Македонија, кој се претставил како Андреј Спасовски, а чија фирма била регистрирана во Куманово, годинава во март, ја хакирал страната на „Ветераните за Трамп“.
Стоп за насилството врз здравствените работници, побараа кумановските лекари Да запре насилството врз лекарите и вработените во здравството и да се најде системско решение за овој повеќегодишен проблем, побараа и кумановските лекари, кои денеска дадоа поддршка на своите колеги од Скопје и одржаа мирен протест во дворот на Општата болница Куманово.
Со лажна диплома станал професор по математика во основно училиште Кумановската полиција до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава број против С.З.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378, став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Започна модернизација на уличното осветлување во Куманово Приватната фирма што го доби тендерот за модернизација и одржување на јавното осветлување во Општина Куманово започна со имплементација на проектот.