Возел без дозвола, па злоупотребил лични податоци на друго лице Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.И.(19) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“.
Поставена опрема за контрола на загубите на вода ЈП „Водовод“ привршува со проектот „Реконструкција, употреба и одржување водоснабдителен систем на Куманово", кој предвидува инсталирање на опрема за подобро функционирање на водоводниот систем.
Вооружен грабеж на брокерско друштво во Куманово Вооружен и маскиран разбојник, денеска напладне ограбил брокерско друштво во центарот на Куманово.
Аудиција за детскиот фестивал „Распеано детство“ Во малата сала на основното училиште „Браќа Миладиновци“, утре (30.01) од 16 до 19 часот, ќе се одржи аудиција на солисти за детското фестивалче „Распеано детство“.
СДСМ: Уредување на паркингот кај спортската сала е во интерес и по барање на граѓаните Очигледно е дека претставниците на опозицијата ја искривуваат сликата за залагањето на градоначалникот и Општината за уредувањето и одржувањето на паркинг-просторот пред Градскиот базен во Куманово, истакнаа денес на прес-конференцијата од општинската организација на СДСМ од Куманово.
Децата и наставниците од „Крсте Мисирков“ на час без мобилни Во Основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово, од денеска учениците и наставниците, не можат да користат мобилни телефони додека се на настава.
Кумановец продавал фалсификуван накит А.К.(30) од Куманово, доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, казниво по член 285 од Кривичниот законик.
Пронајдено исчезнатото момче од Средорек Единаесетгодишното момче од населбата Средорек, кое беше пријавено за исчезнато, вчера попладне било пронајдено во населбата „Гоце Делчев“ во Куманово.
Ќе започне реконструкцијата на Кумановскиот театар Владата даде согласност за реконструкција на објекти на национални установи меѓу кои и за Театар Куманово, кој функционира во состав на НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Единаесетгодишно момче исчезнало од дома А.А.(40) од Куманово, вчера во 19.50 часот, пријавил дека од дома се оддалечил неговиот неговиот малолетен син.
ВМРО-ДПМНЕ бара Општината да не наплаќа паркинг кај Градскиот базен Сакаме да искажеме јавен резолт и остро несогласување со намерата на градоначалникот Mаксим Димитриевски, користејќи го ЈП „Куманово-паркинг“, просторот пред затворениот градски базен да се трансформира во паркинг простор со наплата, рече на денешната прес-конференција Милан Давидовиќ, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Над милион евра за проекти за прекугранична соработка на Куманово и Гњилане Општините Куманово и Гњилане, ќе добијат над еден милион евра за релизација на два проекти за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија.
При судир на автобус и БМВ повредено 21 лице Дваесет и едно лице е повредено во сообраќајна незгода што синоќа се случила на автопатото Куманово- Табановце.
Теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во Куманово На територијата на Општина Куманово во наредните 2,5 месеци ќе се врши теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во сите населени места.
200.000 швајцарски франци за проект за социјална инклузија во регионот Швајцарската агенција за развој и Министерството за локална самоуправа ќе обезбедат 200.000 швајцарски франци за реализација на проект од социјална инклузија во Североисточниот регион.
Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски повторно пред кумановската публика Во Театар Куманово, наредниот понеделник (3 февруари) со почеток во 18 часот, повторно ќе биде прикажан филмот „Врба“, во режија на Милчо Манчевски.