Работник паднал од кров, се здобил со тешки повреди Градежен работник е тешко повреден откако паднал од кров на кој работел.
Државата ќе помогне да се реконструира спортската сала во Куманово Владата ќе одобри финсиски средства за реконструкција на спортската сала во Куманово. Ова било договорено на средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски со градоначалникот Максим Димитриевска, при неодамнешната посета на владините претставници во Куманово.
Прекин на електрична енергија во неколку села и на една улица Потрошувачите од неколку села и една улица во градот денеска ќе останат без електрична енергија.
Пронајдена марихуана кај затвореник во Кшање Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.С.(34) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Претставници на УСАИД во посета на Куманово Директорот за генерален развој во УСАИД Македонија, Едвард Гонзалес, денеска беше во посета на Oпштина Куманово.
Кумановка нападнала полицаец во полициска станица М.Ж. (35), вчера во 17.30 часот физички нападнала полициски службеник во ходникот на Полициската станица во Куманово.
Време е да се обележат пешачките премини во градот Избришана е бојата на хоризонталната сигнализација на речиси сите улици во градот.
Со два авиони и 35 тони вода се гаснеше пожарот во Липково Голем шумски пожар и вчера беснееше на планината Карадак, во местото викано „Влаин Гроб“ во атарите на селата Никуштак и Матејче.
Британската амбасадорка Галовеј во посета на Куманово Aмбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј, денеска беше во посета на Општина Куманово.
Заврши проектот „Младинска медиумска писменост“ Ученици од четирите средни училишта од градот, претставници на невладини организации, образованието и медиумите денеска присуствуваа на завршниот настан од проектот „Младинска медиумска писменост“, кој го реализираа Центарот за ромска заедница Дром и ТВ Плус.
Без струја неколку погранични села Неколку села во пограничниот регион денеска се без електрична енергија.
6 здравствени работници се заразиле со морбили во Куманово Шест здравствени работници од Куманово од вкупно 67 во државата биле заразени од морбили. Од почетокот на епидемијата досега најмногу случаи 50 се регистрирани во Скопје, по 6 има во Куманово и Тетово, 2 во Кочани, и по еден во Гостивар, Кичево и Струга.
Се укинува летното и зимското сметање на времето Европскиот парламент го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Ова ќе стапи на сила во 2021 година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.
Кумановец сечел дрвја од туѓи плацеви, ќе одговара за кражба Кумановката полиција поднесе кривична пријава против С.Р.(21) од Агино Село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба.
Пластичните столпчиња не се решение за непрописното паркирање, смета Левица Поставувањето на столпчиња нема да го реши проблемот со паркирање на автомобили на пешачки и велосипедски зони, сметаат од политичката партија Левица.
Општина Куманово се прогласи за ненадлежна за дупката во Багрем бања и го префрли проблемот на државата Општина Куманово нема да преземе никакви активности за заштита на имотот и безбедноста на жителите во населбата Багрем Бања, каде што се појави дупка, бидејќи подземниот објект е во надлежност на Република Северна Македонија.