Мени

6 здравствени работници се заразиле со морбили во Куманово

6 здравствени работници се заразиле со морбили во Куманово

Шест здравствени работници од Куманово од вкупно 67 во државата биле заразени од морбили.  Од почетокот на епидемијата досега најмногу случаи 50 се регистрирани во Скопје, по 6 има во Куманово и Тетово, 2 во Кочани, и по еден во Гостивар, Кичево и Струга.

Се укинува летното и зимското сметање на времето

Се укинува летното и зимското сметање на времето

Европскиот парламент го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Ова ќе стапи на сила во 2021 година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Општина Куманово се прогласи за ненадлежна за дупката во Багрем бања и го префрли проблемот на државата

Општина Куманово се прогласи за ненадлежна за дупката во Багрем бања и го префрли проблемот на државата

Општина Куманово нема да преземе никакви активности за заштита на имотот и безбедноста на жителите во населбата Багрем Бања, каде што се појави дупка, бидејќи подземниот објект е во надлежност на Република Северна Македонија.

Обединетата српска заедница ја одбележа 20-годишнината од НАТО бомбардирањето

Обединетата српска заедница ја одбележа 20-годишнината од НАТО бомбардирањето

Обединетата српска заедница во Куманово, вчера во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане,  го одбележа 24. Март – Денот на сеќавање, кога пред 20 години беше бомбардирана Сојузна Република Југославија, од НАТО војската.

Српската заедница организира помен за жртвите во НАТО бомбардирањето во црквата „Света Троица“

Српската заедница организира помен за жртвите во НАТО бомбардирањето во црквата „Света Троица“

Демократска партија на Србите во Македонија и Српската заедница во Македонија р.о. Куманово, утре со почеток од 11 часот во црквата „Св.Троица“ во Куманово, ќе организираат помен по повод 20 години од почеток на НATO агесијата на поранешната Сојузна Република Југославија.

Дупка над скривница се отвори помеѓу две куќи во „Багрем Бања„

Дупка над скривница се отвори помеѓу две куќи во „Багрем Бања„

Дупка со длабочина од 5-6 метри се отвори во дворот на семејството Азировиќ во населбата Багрем Бања, во Куманово. Дупката е со пречник од 50-60 сантиметри, која надолу се шири до 150 см. и води во скривница, која се наоѓа под друга куќа во соседството.