Мени

Сузбиена криминална група инволвирана во трговија со оружје

Сузбиена криминална група инволвирана во трговија со оружје

Во координирана полициска акција сузбиена е повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје, Тетово и Куманово инволвирана во вршење на кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Притвор за 11 членови на криминална група инволвирана во криумчарење мигранти

Притвор за 11 членови на криминална група инволвирана во криумчарење мигранти

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, спроведе координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку грчко-македонската граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Република Северна Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-липковскиот регион.

Пет пријави за говор на омраза на социјалните мрежи за трагичната сообраќајна несреќа

Пет пријави за говор на омраза на социјалните мрежи за трагичната сообраќајна несреќа

МВР покренало пет постапки за говор на омраза на социјалните мрежи во врска со трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Не се знае зошто изостана националната поддршка за Денови за комедија

Не се знае зошто изостана националната поддршка за Денови за комедија

До Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ сеуште не е стигнато официјално известување зошто Меѓународната манифестација „Денови на комедија“ не се најде во националната програма на Министерството за култура.

Куманово жали за загинатите: Нема зборови кои ќе ја намалат тагата и болката за изгубените животи, порача Димитриевски

Куманово жали за загинатите: Нема зборови кои ќе ја намалат тагата и болката за изгубените животи, порача Димитриевски

Градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски изрази сочувство до градоначалникот на Гостивар и до семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа, која се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово.

Во Куманово откажани културните манифестации

Во Куманово откажани културните манифестации

Во Општина Куманово денеска се откажани сите културни манифестации, поради деновите на жалост во земјава, по синоќешната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во која загинаа 14 патници, а седум од повредените се во критична и тешка состојба.