Мени

Обединети во различностите да одиме напред кон ЕУ и НАТО, порача Пендаровски од Куманово

Обединети во различностите да одиме напред кон ЕУ и НАТО, порача Пендаровски од Куманово

Мојата визија се обединети граѓани, општество без поделби, сигурна и стабилна држава. Како ваш иден претседател ќе се грижам за сите подеднакво. Ќе се залагам за заедништво на сите граѓани независно од нивата националност, јазик, вера, социјална и друга определба, изјави кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски, по денешната средба со претставиците на етничките заедници во Куманово.

Поскапува бензинот и дизелот

Поскапува бензинот и дизелот

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Кумановските сидикалци утре на протест во Скопје

Кумановските сидикалци утре на протест во Скопје

Сојузот на синдикати на Македонија и оваа година по повод 1 Мај, организира синдикален марш во знак на поддршка на работниците и работничките права во државата и целиот свет. На протестот ќе заминат и членови на синдикатот од Куманово.

Притвор и кривична пријава за возачот што предизвика сообраќајка во која загина полицаец

Притвор и кривична пријава за возачот што предизвика сообраќајка во која загина полицаец

 Кумановската полиција до OЈО Куманово, поднесе кривична пријава против С.Ј.(40) од с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.