Изгоре автомобил во Куманово Вчера околу 10.30 часот на паркинг простор на ул. „Тоде Мендол“ во Куманово настанал пожар во патничко возило „Голф 6“ со српска национална ознака, сопственост на И.Љ.(65) од Прешево, Република Србија.
Играорците од “Панче Пешев“ останале без превоз затоа што некој самоволно си го зел општинскиот автобус Играорците од КУД “Панче Пешев” од Куманово, во саботата за малку ќе го откажеле настапот на Меѓународниот детски фолклорен фестивал “Оро Весело” во Радовиш, бидејќи на самото тргнување останале без превоз, што им го обезбедила Општината.
Градежен работник паднал од скала и си ја повредил главата С.Ј.(57) од кумановското село Биљановце, додека се симнувал од дрвена скала од објект во изградба во с.Клечовце паднал и се здобил со повреди на главата.
Фрлена бомба во двор на кумановско семејство Бомба-кашикара вчера во 3.30 часот по полноќ експлодирала во двор на семејна куќа во Куманово.
Независниот полициски синдикат организираше синдикални игри во Пелинце Независниот полициски синдикат од Куманово, денеска во меморијалниот центар Пелинце организираше спортски синдикални игри.
„Српски вез“ настапи во Нови Сад и Сомбор Културно уметничко друштво Куд „Српски вез“ , е во дводневна турнеја во Нови Сад и Сомбор, Р.Србија.
Споменикот на Тито исчистен од графити, полицијата го бара сторителот Кумановската полиција работи на откривање на лицето кое синоќа испиша недолични графити на спомен плочата на Јосип Броз Тито во центарот на Куманово.
Детскиот фолклорен ансамбл „Панче Пешев“ на „Оро весело“ во Радовиш Играорците од КУД „Панче Пешев“ и оваа година ќе учествува на 18. Меѓународен фолклорен детски фестивал „Оро весело“ во Радовиш.
ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на споменикот на Тито Општинскиот комитетет на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува синоќешниот вандалски чин со кој беше осквернавена спомен плочата на Јосип Броз Тито, поставена на Градскиот Плоштад во Куманово.
Инспектор по екологија го удрила струја додека проверувал што истекува од цистерна на Табановце Инспектор за заштита на животна средина се здобил со изгореници на телото откако го удрила струја додека вршел проверка на вагон од кој истечувала отровна киселина на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница.
Утре се одржува првата крос-кантри трка во Куманово Во населбата Биљановце во Куманово, утре ќе се одржи првата ХСО крос-кантри велосипедска трка.
Ишаран споменикот на Тито во центарот на Куманово Спомен плочата на претседателот на поранешната СФРЈ, Јосип Броз -Тито, која се наоѓа во центарот на Куманово, вечерва е ишарана со црна боја, нацртан е кукаст крст и испишани се навредливи пораки.
Пороен дожд до крајот на денот, најавуваат синоптичарите Во моментов во Североисточниот дел од земјава се наоѓа поголема нестабилна воздушна маса, информираат од УХМР.
Училиштето „Браќа Миладиновци“ прослави 65 годишен јубилеј (галерија) Најстарото основното училиште во градот „Браќа Миладиновци“, одбележа 65 години постоење и успешна работа. Со голема приредба насловена „Куманово те гушкаме“ во спортската сала Куманово, учениците од сите одделенија низ песни и игри го прославија големиот јубилеј.
Граѓаните да го соберат ѓубрето од гробиштата Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ апелира до граѓаните кои наредните два дена ќе ги посетат Градските гробишта отпадоците од храна и другиот смет да го фрлат во контејнери, наместо да ги оставаат покрај гробните места.
Кирацовски се сретна со сопартијците во Куманово Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски синоќа во Куманово се сретна со членовите, поддржувачи и симпатизери на СДСМ.