Кумановец поседувал оружје без дозвола Кумановската полиција поднесе кривична пријава против О.М. (39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Градоначалникот Димитриевски го извисил министерот Ахмедовски, реагираат од ПЦЕР Министерот без ресор Аксел Ахмедоски, два часа го чекал кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на договорена средба во Општината, но тој не се појавил.
Без струја делови од градот и неколку села Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има во делови на градот и неколку села во општините Куманово и Старо Нагоричане.
Аеросолизацијата го намалува загадувањето на возухот во Куманово, тврдат надлежните Прскањето за намалување на аерозагадувањето во општината ги дало првите резултати, тврди градоначалникот Максим Димитриевски.
Волонтерите и пензионерите ги прославија „Свети Трифун“ и Валентин По повод празникот „Свети Трифун“ и Денот на вљубените, Општинска организација на Црвен крст Куманово и Здружение на пензионери Куманово, организираа заедничко дружење.
„Свети Трифун“ одбележан во земјоделското училиште „Киро Бурназ“ Празникот на лозарите „Свети Трифун“ денеска беше одбележан во средното земјоделско училиште Киро Бурназ, со закројување на лозовите гранчиња и со културно уметничка програма.
Двајца повредени при судир на трактор и бмв Две лица се повредени, од кои едно потешко, при судир на трактор и автомобил
Кумановка припадничка на ИД убиена во Сирија Во Сирија е убиена кумановка, припадничка на групата Исламска држава. Веста ја потврдиле блиски роднини.
Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка По двочасовната блокада од поранешните вработени во текстилната фабрика „Веибо груп“, нормализиран е сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка – ГП Деве Баир.
Ќе се отвори првата детска градинка во Општина Старо Нагоричане Новата градинка ќе биде сместена во адаптирани простории на училиштето во селото Младо Нагоричане, со капацитет од 25 дечиња
Реализирани се 40 инфраструктурни проекти од почетокот на мандатот, одговори СДСМ Неодговорно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за граѓаните на Куманово кога токму оваа партија цели 11 години ги игнорираше проблемите и потребите на жителите на општина Куманово, одговори СДСМ на обвинувањата на Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Кинеската Нова година- Празникот на пролетта се одбележа во Куманово Кинеската Нова година или Празникот на пролетта беше одбележана во Куманово, во организација на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка (ДМКПС).
Димитриевски за 100 дена не реши ни еден проблем во Општината, обвини ВМРО-ДПМНЕ Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, дека за првите 100 дена од неговиот мандат не започнал ни релизирал ниту еден проект за граѓаните.
Промоција на „Мини прирачник за поезија“ од Елена Пренџова Во просториите на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово утре во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата есеи „Мини прирачник за поезија“ од поетесата Елена Пренџова.
Кумановските актери незадоволни од Годишната програма на Mистерството за култура Актерите од Кумановскиот театар (Македонска драма) се незадоволни од Годишната програма на Министерството за култура за 2018 година, според која тие добиле средства за две претстави, со вкупен буџет од 1,6 милиони денари.