„Малински фото фестивал“ по четврти пат во Куманово Фото клубот Куманово го организира четвртото издание на „Малински фото фестивал“, кој ќе биде отворен утре во 19 часот, во просториите на Фото клубот.
Пафта победи на конкурсот за сувенир на Општината “Пафта-украс од женски колан носија”, победи на конкурсот за избор на сувенир што го распиша Општина Куманово.
250 клупи и 500 столчиња за учениците во „Браќа Миладиновци“ Учениците и професорите во основното училиште „Браќа Миладиновци“, новата учебна година ќе ја започнат со нов училишен мебел.
За половина час наврнале 20 литри дожд на метар квадратен Во синоќешното невреме што го зафати кумановско за половина час наврнале 20 литри на метар квадратен дожд, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово.
Со вила ги нападнал братот и снаата Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А. (61) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Пехар за хуманост за волонтерите на Црвен крст од Куманово Пехар за промоција на хумани вредности за добробит на заедницата добија волонтерите на Црвен крст од Куманово.
Нестабилно време со локално невреме Денес попладне и во вечерните часови на повеќе места, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
Кривична за семејно насилство за внукот што малтретирал баба Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.С.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда при семејно насилство.
Премиера на „Интрига и љубов“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски Во Кумановскиот театар утревечер во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставта „Интрига и љубов“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, по текст на Фридрих Шилер.
Без вода потрошувачите на неколку улици во градот Поради интервенции на водоводната мрежа, во текот на денот без вода ќе останат потрошувачите на неколку улици во градот.
Работни места за познавачи на германскиот јазик „ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје“ (CMX Solutions), дел од германска компанија во доменот на давање кориснички услуги, која работи во Македонија од февруари 2015, објавува оглас за отворени работни места Контакт центар агент со познавање на германски јазик со место на извршување на работата во Скопје.
Музички перформанс во Уметничката галерија во Куманово Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва во 20 часот ќе се одржи мултимедијален настан.
Концерт на гитаристот Борче Наумоски во Куманово Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“- Куманово, утревечер во 20 часот, концерт ќе одржи гитаристот Борче Наумоски.
Куманово е регионален центар, а нема хотел Куманово е еден од ретките поголеми градови во регионот кој нема хотел, иако се наоѓа на само 30 километри од Скопје и го носи приматот центар на Североисточниот Регион.
Ин Мемориан: Почина режисерот Лазар Ѓорѓевиќ Вчера ненадејно почина, нашиот сограѓанин познатиот филмски и телевизиски работник – продуцент и режисер Лазар Ѓорѓевиќ.
Локалните избори во првата половина на октомври Локалните избори за градоначалници и за советници ќе се одржат во првата половина на октомври.