СДСМ слави победа на градскиот плоштад Членови и симпатизери на СДСМ и коалиционите партии излегоа да слават на градскиот плоштад во Куманово, откако резултатите покажаа дека освоиле поголем број на гласови од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ води во Куманово Од досега пребројаните гласови во изборните штабови на двете најголеми политички партии во општина Куманово, резултатите покажуваат дека води коалицијата на СДСМ во однос на нивните политички ривали ВМРО-ДПМНЕ.
Во живо резултатите од Општинска изборна комисија Пребројувањето на гласовите од денешните избори граѓаните можат да го следат во живо на линкот izbori.live.net.mk
Првични неофицијални информации на СДСМ Tесна e разликата на гласови помеѓу двете најголеми партии во општината Куманово, според податоците на прес центарот на изборниот штаб на СДСМ од Куманово.
Спасовски: Ова е историски ден за Македонија Оливер Спасовски, носителот на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2, порача дека ова е историски ден за Република Македонија, откако го оствари своето гласачко право и гласаше во основното училиште Христијан Карпош во Куманово.
Во Куманово до 17 часот гласале 57,4 отсто Во Куманово до 17 часот гласале 57,43 отсто од граѓаните, во Липково 46,31, а во Старо Нагоричане излезноста 56,92 проценти.
До 13 часот во Куманово гласале 31,11 отсто граѓани Во Куманово излезноста на граѓаните до 13 часот е 31,11 проценти, во Липково 19,79 проценти, а во Старо Нагоричане 32,61 проценти.
Во Куманово до 10 часот излезноста 9,28 проценти Во Куманово излезноста до 10 часот, е 9,28, во Липково 4.02, а во Старо Нагоричане 10,11 проценти, информираат општинските изборни комисии.
Во Куманово едно гласачко место отворено со задоцнување Гласачкото место 1036 во општина Куманово е отворено со 15 минутно задоцнување, регистрирала невладината организација Мост.
Почина Есма Реџепова Кралицата на ромската музика Есма Реџепова, по кратко боледување, утрово починала во Скопје на 73 годишна возраст.
Македонија гласа, денеска се одржуваат парламентарни избори Во Република Македоија денеска се одржуваат деветтите предвремени парламентарни избори.
Канцеларијата на Народниот правобранител утре отворена за граѓаните Канцелариите на Народниот правобранител во Куманово, Скопје, Битола, Кичево, Струмица, Тетово и во Штип, утре, на денот на изборите ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.
Денеска гласаат болните и раселените Нема проблеми во гласањето на болните, раселените и затворените лица во Куманово.
МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 3.000 набљудувачи Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи предвремените парламентарни избори со повеќе од 3.000 набљудувачи.
МВР ќе издава лични карти и во недела Министерството за внатрешни работи, на денот на изборите ќе работат на издавање на лични карти.
Во Куманово пријавени 115 случаи на семејно насилство Во Куманово лани се евидентирани 115 случаи на семејно насилство. Од нив во 95 проценти жртви се жените, потоа следуваат децата и во незначителен број мажите.