“Прекината одисеја“ ќе се игра за поплавените Утревечер во 20 часот во големата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово ќе биде изведена претставата “Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски во продукција на МНТ - Скопје.
Регионално тестирање по англиски јазик за престој во САД Над 167 ученици од средните училишта во регионот, денеска во техничкото училиште „Наце Буѓони„ во Куманово полагаа тест по англиски јазик по ЈЕС (YES) програмата за престој на ученици во САД што ја организира Американскиот совет за меѓународно образование.
Отворена изложба на слики на Маја Јаќимовска Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, синоќа беше отворена изложбата на слики „Минливи секвенци“ од авторката Маја Јаќимовска.
„БМВ“ удри дете на велосипед Петгодишно дете на велосипед е повредено во населбата Бедиње, откако во него удрило „БМВ“.
Mултиетничка прослава нa Курбан-бајрам Ученици и професори од техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, со настава на албански јазик беа домаќини на прославата на муслиманскиот празник Курбан-бајрам.
Прегазена жена во Пуковско Повозрасна жена е прегазена попладнево на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на бензинската пумпа „Роси петрол“ во населбата Пуковско.
Заврши Меѓународната ликовната колонија „Карпино 2016„ Заврши 14. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2016„ на која учествуваа 14 уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Романија.
Здружението на пензионери бренд во пензионерското организирање во државата Здружението на пензионери Куманово денеска слави 70 години постоење и успешна работа.
ВМРО-ДПМНЕ: Да се поправат оштетените ѕидови во „Кочо Рацин“ Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини директорката на основното училиште „Кочо Рацин„ дека недоволно се грижи за одржување на училишниот простор, бидејќи во текот на летото не се направени поправки на оштетувањата кои можат да ја загрозат безбедноста на децата.
Братучеди се испотепале за паркинг место Братучеди се степале поради паркинг место во селото Липково.
Изложба на уметнички фотографии на “Карпино 2016„ Фото кино клубот „Козјак„ од Куманово се претстави со изложба на уметничка фотографија под името „Карпино 2016„ во рамки на Меѓународната ликовна колонија Карпино.
Пукано пред куќа во Романовце Ќ.З.(31) од село Романовце во дворот од негова куќа испукал еден куршум во воздух од пиштол, а соседот го пријавил во полиција.
Здружението на пензионери слави 70 години постоење По повод 70 години постоење и успешна работа, Здружението на пензионери Куманово, утре ќе одржи Свечена академија.
Убиецот на полицаецот непресметлив Енвер Бајрамовски (33) од Куманово, кој е осомничен за убиството на полицаецот Горан Станишковски (36), е непресметлив, покажало вештачењето од Психијатриска болница – Скопје.
Опаец нелегално поседувал оружје Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.А.(54) од с. Опае поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Изложба на слики “Минливи секвенци“ од Маја Јаќимовска Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово задутре во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики “Минливи секвенци“ од авторката Маја Јаќимовска.