Вработиле кустос што не исполнувал услови на конкурс Повеќе лица вработени во кумановскиот музеј овозможиле незаконски да се вработи лице кое не ги исполнувало условите, поради што ќе одговараат за злоупотреба на службената положба
Голф удри во семафор Во сообраќајна несреќа утринава, целосно е уништен еден од семафорите на раскрсницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“.
Сеуште се трага по исчезнатата кумановка Кумановската полиција сеуште трага по девојката која е пријавена за исчезната.
Четворица кумановци на листа на ВМРО-ДПМНЕ во двојка Четворица кумановци се наоѓаат на листата за пратеници во втората изборна единица, на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Дамјановски: ЕВН без предупредување го исклучи осветлувањето Градоначалникот на Куманово тврди дека ЕВН без предупредување го исклучила напојувањето на електрична енергија за осветлување на улиците „Трета МУБ„, „Октомвриска револуција„ и населбата „Карпош“, поради што тие останале во мрак.
ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт го остави градот без улично осветлување Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа од локалната власт да обезбеди квалитетно улично осветлување во градот.
“Симбол на мирот„ победи на годинешниов маскенбал(галерија) Маските на учениците од техничкото училиште „Наце Буѓони“, основното училиште „Кочо Рацин“ и градинката Славејче, се победници со групни маски на годинешниов маскенбал „Батко Ѓорѓија“.
Бранителите ќе добијат споменик во Куманово Локалната самоуправа ќе ја подржи иницијатата на невладините организации за изградба на спомен обележја за загинатите припадници на македонските безбедносни сили во воените дејствија во Куманово.
„Народна револуција“ ќе добие тротоар на есен Улицата „Народна Револуција“, ќе добие тротоар на есен при спроведување на втората фаза од проектот за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во градот.
ВМРО-ДПМНЕ: Жителите на “Народна револуција“ бараат тротоар Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, денеска ја обвинија локалната самоуправа дека наместо да се грижи за локалните и комунални проблеми, организира шарена револуција во градот.
Кривична за директорот на Општата болница Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Л.(49) од Куманово, директор на ЈЗУ Општа болница-Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Кумановски акцијаши примаат нови волонтери Здружението за доброволна волонтерска работа Кумановски акцијаши, ќе прима нови волонтери.
Кумановка на натпревар по англиски во Венеција Гимназијалката Матеа Познановиќ ќе ja претставува Македонија на четвртото европско HIPPO првенство по англиски јазик, кое викендов ќе се одржи во Венеција, Италија.
Јавно и политичко учество на жените Ромки Невладината организација „Даја“, денеска започна со реализација на проектот „Јавно и политичко учество на жените Ромки“.
Божиновски даде исказ пред истражен судија Новинарот Зоран Божиновски денеска даде исказ пред истражен судија, по барањето за спроведување на истрага поднесено од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од септември 2013 година.