Техничкото училиште со три први места во струката На Државен натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка, кој се одржа по 35-ти пат во Струмица, учениците од техничкото училиште “Наце Буѓони“, освоија три први места, две втори и едно трето место.
„Браќа“ екипен победник на Детски семaфор Екипата на основното училиште Браќа Миладиновци, победи на регионалниот натпревар Детски семафор што вчера се одржа во Куманово.
Студентка се породила на граница и го фрлила детето во корпа Студентка од Скопје, додека чекала да ја помина границата на Табановце за да оди на апсолвентска екскурзија во Прага, добила болки и се породила во тоалет, по што детето го фрлила во канта за отпадоци и го продолжила патувањето
Timeless часовници и накит Се наближуваат матурските прослави, совршена причина да се подновите или да подарите уникатно парче накит или часовник. И овој пат вашиот избор нека биде Timeless Куманово.
Ретроспективна изложба на Мишо и Урош Вељковиќ Во Изложбениот салон на Уметничката галерија Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики од авторите Мишо и Урош Вељковиќ.
Обезбедување не спречило кражби на цигари и тутун во Монопол Т.А. (53), Ѓ.С. (61), Ј.В. (33) и Д.М. (26), сите вработени во Агенција за обезбедување на лица и имот „Фалкон“ ДООЕЛ-Штип, заработија кривични пријави поради постоење основи на сомнение за „несовесно работење во службата“ и против непознатиот сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Паланчанец купувал гориво со лажни денари Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.М.(32) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Одбележан Денот на олимпизам На атлетскиот полигот во Куманово, денеска се одбележа Меѓународниот ден на олимпизмот.
Изложба на слики на Марија Величковска Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики “Импресии“ од авторката Марија Величковска од Куманово.
Пропадна продажбата на Тутунскиот комбинат Пропадна и последниот обид за продажба на Тутунскиот комбинат Куманово.
Традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија„ во сабота На Градскиот плоштад, во сабота ќе се одржи традиционалниот училиштен маскенбал “Батко Ѓорѓија 2016“.
Куманово промотор на олимпизмот Куманово утре ќе биде домаќин на одбележувањето на Денот на олимпизам.
Започна со работа Општинската изборна комисија Во просториите на општината Куманово од 5 мај започна со работа Општинската изборна комисија.
Исчезната жена пронајдена мртва На ул. „Иван Милутиновиќ“, вчера во 18 часот пронајдена е мртва жената што беше пријавена за исчезната.