Заврши проектот за општинско-корисна работа во Нагоричане Во општина Старо Нагоричане заврши проектот за општинско-корисна работа за 2015 година, кој се спроведуваше во соработка со канцеларијата на УНДП во Скопје.
„11 Октомври“ почнува соработка со училиште од Благоевград Во основното училиште „11 Октомври“ денеска беше потпишан меморандум за соработка со училиштето „Свети Пајсиј Хилендарски“ од Благоевград, Бугарија.
Земјоделците во исчекување на првиот снег Земјоделците во кумановско се во исчекување на првиот снег кој е поволен за посевите, а оваа година доцни.
Видливост до 30 метри кон Крива Паланка и Павлешенци Поради магла видливоста кон Крива Паланка и Павлешенци е намалена на 30 метри, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Порибена Пчиња со 30 килограми пастрмка Спортското риболовно друштво „Пчиња“ денеска ја пориби река Пчиња кај село Шупли Камен со 30 килограми македонска пастрмка.
Ќе се реновира училиштето во Умин Дол Македонскиот центар за меѓународна соработка и општина Куманово ќе го реновираат училиштето “Карпош“ во село Умин Дол, со 32.000 евра.
„Сите за слободни избори“ во Куманово Цивил-Центар за слобода утре на Градскиот плоштад во Куманово, од 16.30 до 18 часот ќе одржи јавен настан “Сите за слободни избори“, како дел од проектот “Слободни избори за слободни граѓан(к)и“.
Ќе се активира младинска канцеларија во Гимназијата Во Гимназијата „Гоце Делчев“ ќе се преуреди и ќе работи младинска канцеларија.
Почна новогодишното украсување на Куманово Новогодишното украсување на градот започна вчера и утре градот ќе биде во ново празнично руво.
Новогодишна фолклорна вечер на КУД „Панче Пешев“ Во МКЦ „Козјак“ во петок во 19 часот, културно-уметничкото друштво “Панче Пешев“ ќе одржи новогодишна фолклорна вечер.
Без струја се седум липковски села Без напојување со електрична енергија утрово се седум села во општина Липково, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Намалена видливоста поради магла кон Скопје и Свети Николе Поради магла утрово е намалена видливоста на 100 м на патните правци Куманово-Скопје и Куманово-Свети Николе, стои во соопштението од Авто мото сојузот на Македонија.
Жените од СДСМ собраа помош за сиромашните Претставнички на Форумот на жени на СДСМ Куманово, вчера ја реализираа хуманитарната акција „Дарувај од срце“.
Утре неработен ден за Турците Денот на настава на турски јазик, 21 декември, е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.
Мобилен даночен шалтер утре во Старо Нагоричане Мобилен даночен шалтер од Управата за јавни приходи утре ќе ја посети општината Старо Нагоричане.
Никако да се опаметиме... Оваа колумна, иако по подолга пауза, се совпаѓа токму по сто дена власт... Виктор Божиновски