Пензионерите организираат еко хепенинг во Пелинце Здружението на пензионери Куманово во сабота во Пелинце организира еко хепенинг, на кој ќе присуствуваат пензионери од земјава и од соседна Србија.
Телеком со подароци и попусти за потрошувачите Македонски Телеком денеска ја отвори реновираната продавница во центарот на Куманово. По тој повод имаше подароци и попусти за корисниците на нивните услуги.
Ќе се реши пензискиот стаж на земјоделците Во наредните 10 дена трајно ќе биде решен проблемот на земјоделците околу пензискиот стаж плаќан по законите од 1978 до 1988 година, најави премиерот Никола Груевски.
Летна крводарителска акција Од Црвен Крст Куманово ги повикуваат граѓаните да даруваат крв, бидејќи има мали резерви на крв и може да недостигаат единици од одредени крвни групи.
Над 500 деца чекаат место во градинка Над 500 деца се ставени на листа на чекање за прием во градинката “Ангел Шајче“, бидејќи се исполнети сите капацитети.
Телеком со попусти за кумановци Mакедонски Телеком утре во 10 часот, ќе ја пушти во употреба реновираната продавница во Куманово.
“Сателит“ и две улици утре без струја Во населбата Карпош, кај хотел “Сателит“ и на две улици во централното гратско подрачје утре ќе нема струја, информираат од ЕВН Македонија.
Кумановци заинтересирани за земјоделска механизација Триесетина фармери електронски аплицирале за набавка на механизација преку програмата за рурален развој.
На Табановце ќе се монтираат бараки за мигранти Волонтери од Црвен Крст Куманово утре на Железничка стaница Табановце ќе постават четири бараки за мигранти.
Млади лица ќе се обучуваат за дефицитарни струки Тринаесет млади лица до 29 години ќе се обучуваат за дефицитарни струки во рок од пет месеци, по што работодавецот ќе треба да ги задржи уште шест месеци.
Во печат двоброј на списанието “Корени“ По пауза од повеќе од една година, деновиве од печат треба да излезе двобројот на 48 и 49-от број на периодичното списание “Корени“.
Кумановски фирми на листата должници на УЈП Голем број кумановски фирми за увоз-извоз, бензински пумпи, чевларски компании, млекари, превозници се на листата на должници на Управата за јавни приходи.
„Водовод“ ги исчисти шахтите во градот Јавното претпријатије “Водовод“ минатата недела спроведе помасовна акција за чистење на шахтите низ градот.
Детектор на метал запленет на Табановце Нов детектор за откривање на благородни метали во вредност од 250 илјади денари, спакуван во два црни куфери, пронајден е на задните седишта на италијански автомобил, управуван од македонски државјанин, кој се проијавил за влез во државата на граничниот премин Табановце.
Нови книги во Кумановската библиотека Градската библиотека “Тане Георгиевски“ неодамна набави нови 623 книги или 228 наслови од десет издавачки куќи.