Муслиманите го слават Рамазан Бајрам Муслиманските верници денеска и во наредните два дена го слават Рамазан Бајрам.
Нормализирано водоснабдувањето во градот Водоснабдувањето во високите зони од Куманово денеска е нормализирано. Жителите на Черкезско село и останатите населби утринава добиле вода.
АРМ ќе помага за справување со мигранти на северната граница Армијата на Република Мекдонија ќе и помогне на полицијата на северната и јужната граница, како и на коридорот 10, во справувањето со напливот на мигранти.
„Чистота“: Стариот градски парк ќе се огради и осветли По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Стариот парк е запуштен, од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ најавуваат дека паркот наскоро ќе биде ограден и осветлен.
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да го заживеат Стариот градски парк Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, денеска на прес-конференција обвинија дека јавното претпријатије „Чистота и зеленило“ не го одржува Стариот градски парк.
Фросина Лазаревска нов координатор на регионалното ЗНМ Новинарката Фросина Лазаревска синоќа е избрана за нов координатор на регионалното Здружение на новинари за североисточниот регион.
Успешна крводарителска акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Дваесет крвни единици се собрани за час и половина од почетокот на акцијата, а до 14 часот се очекува да се соберат двојно повеќе.
Блокиран патот во Черкеско село Во знак на предупредување што повеќе од 10 дена немаат вода за пиење, жителите на Черкеско село денеска по 16 часот го блокираа стариот пат Куманово-Скопје. Протестот ќе трае до 17 часот, по што жителите ќе го ослободат патниот правец за непречено одвивање на сообраќајот.
Две улици утре без струја На две улици во центарот на Куманово, утре од 9 до 12 часот ќе нема електрична енергија поради планирани исклучувања, велат од ЕВН Македонија.
Жители на Тоде Мендол побарале психолошка помош Неколку жители на населбата Тоде Мендол, се пријавија за психолошка помош во Црвен Крст Куманово.
Ќе се изработи бодовна картичка за водоснабдување во регионот Центарот за јавно здравје Куманово заедно со уште неколку институции, до септември ќе изработи бодовна картичка за водоснабдувањето во североисточниот регион.
Стечајците ќе собираат потписи и во селата Потписи за обештетување на стечајците се собираат и во селата во кумановско и липковско, велат од УНИТ.
Крводарителска акција на УМС Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, утре организира крводарителска акција во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Намалени кражбите на дрва во кумановско Намалени се кражбите на дрва поради честите контроли од шумска полиција, објаснуваат од Шумско стопанство Куманово.
Промоција на збирката “Боемска рапсодија во црно“ Во кафе бар “Версус“ утревечер во 19.30 часот, ќе се одржи промоција на збирката “Боемска рапсодија во црно“ на Иле Наумов од Куманово.
“Има иднина“ организира дијалог со кумановци Движењето “Има иднина“ утре на Градскиот плоштад во Куманово, во 18 часот ќе организира дијалог со граѓаните.