Прегазен мигрант на пругата Табановце-Куманово Во железничка незгода денеска претпладне загина мигрант.
Загина сопатник на мопед Горан С.(42) од Свети Николе, совозач на мопед, загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе-Овче Поле, на крстосницата за селото Пеширово, откако во него удрило пежо со кумановски регистарски табличка.
Во “Боро Менков“ ќе се одбележи Денот на АРМ Во касарната „Боро Менков“ утре со почеток во 11 часот, со воена свеченост единиците од гарнизон Куманово ќе го одбележат 18- ти август, Денот на АРМ.
Започнува ликовната колонија “Куманово“ Во комплексот во Пелинце утре започнува 41-та по ред ликовна колонија “Куманово“, која ја организираат општина Куманово и Музеј Куманово.
Дефекти оставија повеќе села и населби без струја Поради дефект утрово повеќе села и населби во Куманово се без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
Шест литри дожд на квадрат наврнаа во Куманово Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 6 литри дожд, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Запалена шума во Матејче се гаснеше со авиони Дирекцијата за заштита и спасување вчера со два авиона гаснеше заплена сува трева и дабова шума, во место викано Вуксан во липковското село Матејче.
Фотографка освои две награди во Србија Марина Крстиќ, фотограф од фото клуб “Куманово“, неодамна освои две награди на меѓународна изложба на фотографија во Србија, на која учествуваа повеќе од 300 фотографи од 60 земји.
13 штркови гнезда во кумановско Во кумановско има 13 гнезда со штркови, од кои најголем дел се лоцирани во селото Пчиња.
Почнa школата за млади лидери на претседателот Иванов Вкупно 44 учесници и околу 20 предавачи од Македонија, Европa, САД, Израел и Мароко, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, годинава по шести пат ќе се одржи од 16 до 28 август во Охрид.
Старите бесплатни учебници ќе се заменат со нови Учебниците постари од пет години ќе се заменат со нови, освен оние по математика и природни науки за седмо, осмо и деветто одделение.
Над 600.000 евра девизи пријавени на Табановце На царинска испостава Табановце во вториот квартал од 2015 година, се пријавени 651.900 евра или 19,4 отсто од вкупната вредност на девизи пријавени на царинските испостави, стои во извештајот од Царинската управа.
Се очекува невреме за викендот За време на викендот претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР.
Помалку првачиња од лани Годинава е намален бројот на запишани првачиња во кумановските училишта во однос на лани, потврдуваат од секторот за образование во општина Куманово.
Гореа стрништа и сува трева во Речица и Романовце Во текот на изминатото деноноќие гореа запалени стрништа и сува трева во селата Речица и Романовце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.