Акција за приведување мигранти во Ваксинце Заврши големата полициска акција што утринава се спроведуваше во липковско село Ваксинце, за апсење мигранти.
Кумановските средношколци полагаат државна матура Во средните училишта во Куманово денеска се полага државна матура.
Тројца гимназијалци загинаа во БМВ-кабриолет Ваљон М.(17) и Егзон Ш.(17) од Куманово и Исуф А.(18) од Липково, се трите момчиња кои вчера попладне загинаа во страотната сообраќајна несреќа, откако нивниот автомобил бмв слета од надвозникот на автопатот Куманово-Табановце и на него налета цистерна.
Средба на генерации во Младо Нагоричане Во основното училиште „Христијан Т.Карпош“ во село Младо Нагоричане, во сабота со почеток во 10 часот ќе се одржи средба на генерации.
Невладините да дадат идеи за решавање на локални проблеми Невладините организации да дадат идеи за реализирање на проекти и решавање на локални проблеми, ги повикаа од Цивика Мобилитас на денешниот регионален форум во Куманово.
Екипа од Црвен Крст ќе оди на државен натпревар по прва помош Екипа од клуб на млади од Црвен Крст Куманово, победи на завчерашниот општински натпревар по прва помош и ќе учествува на државен натпревар на 18 и 19 септември во Крива Паланка.
Изложба на карпеста уметност во Старо Нагоричане Во тренинг центарот „Млади за млади“ во Старо Нагоричане, вчера беше отворена изложба на карпеста уметност.
Меѓународна изложба на уметничка фотографија “Малиник“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, ќе се одржи првата меѓународна изложба на уметничка фотографија со наслов “Малиник“.
Нормализиран сообраќајот кон Скопје Околу 12 часот денеска е нормализиран сообраќајот кон Скопје, по сообраќајната несреќа што се случи утрово кај Агино Село, кога камион се преврте на автопатот.
Обновено: БМВ излета од надвозникот во Бедиње-тројца мртви Во тешка сообраќајна несреќа попладнево три лица загинале, а повеќе се повредени, кога автомобил бмв со кумановски регистаски таблички излетал од надвозникот во Бедиње на автопатот Куманово- Табановце.
МВР:Акцијата во Тоде Мендол основана и оправдана Акцијата на полицијата во населбата Тоде Мендол во Куманово, била извршена според утврден план, а преземените дејства се основани, оправдани и правилни, стои во соопштение објавено на сајтот на МВР.
Пругата ќе го остави Режановце без канализација Жителите на кумановското село Режановце денеска по втор пат ја блокираа изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, бидејќи не е исполнето барањето да се постави цевка под пругата за потребата на канализациска мрежа во селото.
Членови на “Српски вез“ на меѓународен фестивал во Долно Лисиче Малата група од културно-уметничкото друштво “Српски вез“, неодамна учествуваше на првиот меѓународен детски фестивал во Долно Лисиче, Скопје.
Атлетичарите од “Куманово“ со бројни медали во Охрид Осум атлетичари од атлетски клуб “Куманово“ минатата недела на Државно првенство во атлетика во Охрид освоија вкупно 15 медали.
Kамион се превртел кај Агино Село Kамион со бугарски таблички, кој го управувал грчки државјанин утрово се превртел на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село.