„Чистота“: Стариот градски парк ќе се огради и осветли По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Стариот парк е запуштен, од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ најавуваат дека паркот наскоро ќе биде ограден и осветлен.
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да го заживеат Стариот градски парк Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, денеска на прес-конференција обвинија дека јавното претпријатије „Чистота и зеленило“ не го одржува Стариот градски парк.
Фросина Лазаревска нов координатор на регионалното ЗНМ Новинарката Фросина Лазаревска синоќа е избрана за нов координатор на регионалното Здружение на новинари за североисточниот регион.
Успешна крводарителска акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Дваесет крвни единици се собрани за час и половина од почетокот на акцијата, а до 14 часот се очекува да се соберат двојно повеќе.
Блокиран патот во Черкеско село Во знак на предупредување што повеќе од 10 дена немаат вода за пиење, жителите на Черкеско село денеска по 16 часот го блокираа стариот пат Куманово-Скопје. Протестот ќе трае до 17 часот, по што жителите ќе го ослободат патниот правец за непречено одвивање на сообраќајот.
Две улици утре без струја На две улици во центарот на Куманово, утре од 9 до 12 часот ќе нема електрична енергија поради планирани исклучувања, велат од ЕВН Македонија.
Жители на Тоде Мендол побарале психолошка помош Неколку жители на населбата Тоде Мендол, се пријавија за психолошка помош во Црвен Крст Куманово.
Ќе се изработи бодовна картичка за водоснабдување во регионот Центарот за јавно здравје Куманово заедно со уште неколку институции, до септември ќе изработи бодовна картичка за водоснабдувањето во североисточниот регион.
Стечајците ќе собираат потписи и во селата Потписи за обештетување на стечајците се собираат и во селата во кумановско и липковско, велат од УНИТ.
Крводарителска акција на УМС Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, утре организира крводарителска акција во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Намалени кражбите на дрва во кумановско Намалени се кражбите на дрва поради честите контроли од шумска полиција, објаснуваат од Шумско стопанство Куманово.
Промоција на збирката “Боемска рапсодија во црно“ Во кафе бар “Версус“ утревечер во 19.30 часот, ќе се одржи промоција на збирката “Боемска рапсодија во црно“ на Иле Наумов од Куманово.
“Има иднина“ организира дијалог со кумановци Движењето “Има иднина“ утре на Градскиот плоштад во Куманово, во 18 часот ќе организира дијалог со граѓаните.
Жена се фрлила од надвозникот во Бедиње Повозрасна жена денеска претпладне се обиде да се самоубие фрлајќи се од надвозникот на автопатот Куманово-Табановце во населбата Бедиње.
Штипјанец прегази старица во Куманово М.А.(35) од Штип вчера со автомобил цитроен џампер со кумановски таблички, удрил во пешакот Горица С.(78) од Куманово, по што од повредите старицата починала во Скопје.
Петрушевски: “Чистота“ нема обврска да ги коси сите тревници во градот Jавното претпријатије “Чистота и зеленилo„ не е должно да ги одржува тревните површини пред стамбените згради, меѓу кои и паркот на локалитетот “Водовод“, кој пред неколку дена беше запален.