Куманово со мал број овоштарници Во кумановско има мал број на овоштарници, а тоа се потврдува и со фактот што со овошки лани биле засадени 276 хектари.
Граѓаните се враќаат во Тоде Мендол По завршување на акцијата, синоќа дел од населението се врати во своите домови во населбата Тоде Мендол.
Два милиони денари за раселените Семејствата кои ги напуштија своите домови и останаа без елементарни услови за живот ќе добијат помош од општината.
МВР: Завршена е акцијата во Диво насеље(видео) Полициската акција дефинитивно е завршена – терористите се елиминирани, ова го изјави помошникот министер за односи со јавност на МВР Иво Котевски.
Утринава повредени пет полицајци Во утринските борби со вооружените група во населбата Тоде Мендол, повредени се пет полицајци.
Кол-центар и сместување за раселените Општината Куманово отвори кол центар за потребите на семејствата кои ги напуштаат своите домови и имаат потреба да бидат згрижени.
Од утре нема настава во училиштата Основните и средни училиштата и градинките од утре нема да работат , поради нарушената безбедносна состојба во Општината.
Спорадични пукотници во Тоде Мендол Рафали и истрели од огнено оружје се слушаат и утринава во населбата Тоде Мендол, по мирната ноќ.
Пет полицајци загинаа триесетина повредени Пет полицајци загинаа, а триесетини се повредени во полициската акција со вооружената група, што денеска се одвиваше во населбата Тоде Мендол.
Куманово уште го тресат силни детонации Додека дел од домашните и странски медиуми ја пренесуваат информацијата дека полициската акција во Тоде Мендол завршила и дека терористите се предале, Куманово уште го тресат силни детонации и се слушаат поединечни и рафални истрели.
Советниците на вонредна седница расправаа за безбедноста Советниците од Советот на општина Куманово на вонредна седница денеска расправаа за безбедносната состојба во Куманово.
12 часа се пука во Тоде Мендол Рафални истрели од огнено оружје и детонации, повторно се слушаат од кумановската населба Тоде Мендол, по пладневното затишје. Од далеку може да се види дека неколку куќи горат, а тернот го надлетуваат хелихоптери.
ВМРО-ДПМНЕ повикува на смиреност По повод немилите настани кои се случуваат денеска во Куманово, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на прес-конференција повикаа на смиреност.
Градоначалникот повика на смиреност и присебност Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска повика на смиреност по драматичните случувања во градот и да не подлегнуваат на провокации.
Општа болница: Повредени тројца полицајци Од хируршкото одделение во Општа болница Куманово потврдуваат дека утрово во 5 часот се донесени тројца повредени полицајци.