×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СОВРЕМЕНОТО БАНКАРСТВО ДЕНЕС

    Доц. д-р Синиша Наумоски

    Во чест на новоформираната „Академија за банкарство“, поточно, полниот назив е „Академија за банкаратво и информатичка технологија“ (или кратко АБИТ) и јас како еден од нејзините иницијатори, се определив оваа колумна да биде посветена тому на индустријата наречена „Банкарство“.  

    Имено, мисијата на ваквата Академија, е да се создадат современи концепти на специјалистичко образование и да се постават нови професионални образовни стандарди во двете најпреспективни и силно поврзани индустрии во светот: банкарската и информатичката. Практично, дел од водечките луѓе во НБРМ, како и повеќе од 10 менаџери на комерцијалните банки кај нас, вклучително и јас како млад научно-истажуваки работник, си поставивме за цел: АБИТ да врши финансиска едукација и зголемување на нивото на финансиска писменост на населението во Р.М., како и одржување на специјализиран тренинг и сертифицирани специјалистички семинари за банкарските работници (специјалисти) согласно европските стандарди на EBTN (Европската Асоцијација за Банкарски Тернинг со седиште во Брисел) во која aсоцијација, АБИТ веќе поднесе апликација и стана придружен член на 25 Април 2014 година. Понатаму, си зацртавме и уште една обврска, преку издавање на бесплатното списание "е-Банкар", да направиме максимална афирмација на банкарските субјекти кои ќе се вклучат во неа, поедниците менаџери на банкарските субјекти поддржувачи на Академијата од една, и високообразовните установи и нивните кадри, од друга страна.  

    Почитувани читатели, ако се навратам на мојата претходна колумна, каде нагласив дека сите ние, мора да се согласиме со следнава теза: „кај нас, се појавува еден ЈАЗ помеѓу банкарскиот сектор и потенцијалните претприемачи. И тоа, таквиот јаз се повеќе и повеќе се продлабочува“. Исто така, во претходното мое пишување се запрашав: Дали треба нова организација – служба, академија, (неформална, формлана, приватна, јавна или мешовита е сеедно), за давање на практични совети и помош при кредитирањето и изработката на бизнис планови за апликација во Банките, на потенцијалните млади претприемачи, која во себе ќе интегрира голем број на банкарски специјалисти и членови на нивните УО?  

    Оттука, овие мои тези со голема доза на конзистентност ги застапувам повеќе години, но почитувани читатели, што „фајде“ само од пишување... Ќе речат за нас професорите, дека сме само „филозофи“... За да не е така, јас веќе се впуштив во тоа што го пишував и говорев низ медимуиве веќе подолго време. Би додал дека во периодов што измина, во пооделната комуникација со сите банкарски авторитети, беше премногу тешко да се обезбеди датум за состаноци, кој сите нив ќе ги обедини во нивното слобдно време. Тоа беше пеколно тешко! Но, успеав, само и само затоа што живеам и верувам во тоа што го пишувам. Верувајте, почитувани читатели, (почитувани кумановци - мои големи поддржувачи), ќе докажам дека „банкарската индустрија“ е голем наш пријател како индивидуи и бизниси, а не како што се говори „непријател поради високите камати“. Ќе докажам дека банкарскиот голем менаџер, не е арогантен и „високо-платен“ суетен човек, туку тој е на исто стојалиште со лекарот. Ја има алатката да „помага“. Овој првиот го спасува индиректно човекот, додека вториов има директнио влијание врз организамот. Но, ќе се согласите дека сите ние како граѓани и од двајцата сме зависни.    

    Запомнете: само државите и поедниците кои имаат односи до перфекција со банкарите, се богати држави и уште побогати банки. И тоа е ДОБРО! Банкарите се наши најголеми пријатели и на макро и на микро план. Никако поинаку! Државата ова го знае, затоа и ги почитува.      

    Имено, јас верувам, силно верувам, дека со доближување на банкарската фела до стопанскиот сектор преку специјализиран тренинг и сертифицирани специјалистички семинари согласно европските стандарди за Банкарски Тернинг и издавање на стручни списанија со цел, максимална афирмација на банкарските субјекти од една, и образовните институции од друга страна, кај нас, ќе се креира поголем УСПЕХ.  

    Во теоријата и праксата денес, постои консензус околу тврдењата дека банката како финансиска иституција претставува специфичен тип на организација чија оперативна дејност на работењето се парите. Во контекст на тоа, нашиот член на Академскиот Совет, Проф. д-р Арсовски Драгољуб во неговото истажување вели: "Банката претставува специфичен вид на претпријатие, најчесто органзиирано како акционерско друштво, кое се занимава со специфичната стока наречена пари".

    На мислење сум, дека денес, во услови на совршена конкуренција и капиталистичко уредување, дејноста на банката не се врзува исклучиво за парите, туку за целокупната нејзина актива и тоа особено онаа актива која е најважна за нејзината успешност и профитабилност во работата. Во оваа насока оди и истажувањето на Wills John, кој меѓу другото вели: "најважната активност на банката не се парите во трезорот, туку довербата на клиентите во неа. Таа доверба е резултат на долгогодишен труд и совесна работа на банката со клиентите. За да се изгради таа пособена врска со клиентите, на банката и се потребни дополнителни сили, со кои ќе се влијае врз клиентот, за тој да побара од банката и други дополнителни услуги..."

    Понатаму во истражувањето, авторот Wills John укажува на тоа дека парите секојденевно и многу лесно влегуваат и излегуваат во финансиските извештаи на комерцијалните банки. Меѓутоа, тука се поставува следново прашање:  

    • Дали парите се основна и единиствена активност на комерцијалните банки?  

    Имено, во функција на погоре поставеното прашање се констатира дека изградбата на довербата во банката и нејзината чесност кон коминтентите е работа која многу долго трае и која тешко се стекнува, но и која може многу брзо да се изгуби. Според тоа, комитентите од кои банката добива повеќе од една просечна печалба, вообичаено сакаат за себе да извлечат од банката и дополнителна гаранција или сигурност.  

    Затоа велиме дека современото банкарство денес, во услови на совршена конкуренција и капиталистички поредок, како главна и единствена цел за себе си поставува, да овозможи долгорочна довербата и сигурност за своите комитенти, наспроти, сега веќе "застарената" цел на секој менаџмент – максимизација на профитот.

    Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*