Непоколебливоста во борбата за слобода на Кумановската револуционерна организација Тешките искуства од минатото ги научиле кумановци дека за успех не се доволни само желба и воодушевување, туку во прв ред е потребна цврста организација, која народните маси ќе ја прифатат како своја и активно ќе учествуваат во неа.
Сировари, џамалари и празнувањето на Василица во кумановско Според Јулијанскиот календар, вечерва на полноќ настапува Православната нова година, додека пак утре на 14 јануари се празнува Василица.
Шегата и мајтапот во Старо Куманово Кумановските шеги и мајтапот се се однесувале главно на сиромаштијата и убавата дружба, а содржат и поучен дел кој наликува на сказните кои секогаш носат наравоучение. Кумановските шеги се слика на нашиот град во кои ако не се „огледаш“ не си вистински жител на градот.
Како се прославувале домашните слави во Старо Куманово Најчесто славите, во Старо Куманово се празнувале по три дена, познати како заслуг, ден и патерица.
Серенаде у Куманово Серенаде како песме у чeст на сакани, испуњавав се обично под њини прозори, датирав од среѓан век и њина татковина су Италија и Шпанија. Од тамо су пренесени и у други европски земље, а како посебна форма на забаву у вечерњо време ги користиле и кумановски беќари у предратну Југославију.
Стари маалa и сокаци во Куманово Варош, Ендек, Мехмедбегова, Ортабунар, Бединска, Велешка, Карапска, Нова, Липковска, Теке маало, Татар маало и Муаџирска, се маалата на кои бил поделено Куманово за време на турското владеење.
Првото училиште во старо Куманово Турците го притискале македонскиот народ и не му давале никаква слобода, го држеле неписмен и во покорност, а градовите и селата, не бавно туку речиси и воопшто да не се развивале.
Првиот водовод во Куманово Куманово, во сеќавањето на постарите е со тесни улички, некои поплочени со калдрма, полни со прашина во летните денови, а со вода и кал во зимата. Луѓето не знаеле што е асфалт, бетон, канализација и водовод, а куќите главно биле градени од камен и керпич.
Свадбарски обичаи во Старо Куманово Свадбите на нашите простори отсекогаш биле вистинско доживување, не само за младенците и нивните семејствата, туку и за соседите и за целиот град.
Старо Куманово: Тумба Во старо Куманово, од времето на Турската империја, најзначајни објекти биле: Тумба, Ќурчијана, Безистен, пазарот за дрва и дрвен ќумур Одан-пазар и пазарот за сол. Тумба е некогашниот и сегашниот центар на градот. Како биеле дамарите на Тумба така живеел и градот и жителите на градот. Тоа е местото кое било центар на градот, место на сите збиднувања кон кое воделе сите патишта.
Состојбата во кумановската каза во 1896 година Кумановската каза била третостепена административно-управна единица во Отоманската Империја која постоела во XIX век. Била дел од Скопскиот санџак, кој пак бил дел од Косовскиот вилает.
500 години постоење на Куманово Веројатно поголемиот дел од кумановци знаат и слушнале дека Куманово во 2019 година прославува јубилеј 500 - години постоење.
Меѓувоена колонизација во Кумановскиот крај Во 1919 година започналa меѓувоената колонизација на Македонија. Најнапред населувањето ги зафатила северните области од Вардарска Македонија, заради близината на државата од каде што главно доаѓале српски колонисти.
Кумановско краиште - една зона во кумановскиот крај Крајните северозападни делови на кумановската област, долж границата со соседна Република Србија, во литературата од минатото е запишано како Кумановско краиште. Денеска, обично меѓу населението од кумановскиот крај, не се користи таков термин за северозападниот дел на кумановско.
Народна медицина во Кумановскиот крај Народна медицина или традиционална домашна медицина е „медицински систем“ кој се применува во народот, а кој се заснова на искуство, магии (гатање) и традиционални препарати од традиционалната домашна медицина.
Повоено иселување од кумановскиот крај во Војводина При крајот на Втората светска војна, германското население од Војводина, главно како соработник на окупаторот, се повлекло со национал-социјалистичката војска. Во напуштените населби се населиле жители од другите краеви на поранешна Југославија, пред се семејства од југот, југозападот и западот на земјата.