×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До 28 февруари поднесување на даночни биланси

    19.02.2010 11:15 | KumanovoNews

     Обврзниците на данокот на добивка и годишниот данок на вкупен приход имаат обврска најдоцна до 28 февруари да поднесат даночни биланси за 2009 година.



    До 28 февруари поднесување на даночни биланси

     Како што се наведува во соопштението од УЈП, при пријавувањето на данокот на добивка  обврзниците треба да достават Даночен биланс за непризнаени расходи. Образецот го поднесува правно лице кое оствариле добивка од вршење на дејност во земјата и странство, како и организациони единици на правно лице кое не е од државата, а врши дејност во РМ.  

    Пријавување на годишен данок на вкупен приход  треба да изврашат даночните обврзници кои оствариле вкупен приход во секоја од последните три години од кој било извор не поголем од 3 милиони денари на годишно ниво, заради утврдување на годишниот данок на вкупен приход.

    Од УЈП предупредуваат дека даночните обврзници кои ненавремено или воопшто нема да достават даночни пријави во законски предвидениот рок 28 февруари 2010 година, Управата за јавни приходи ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 2000 до 3000 евра во денарска противвредност, како и глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противредност на одговорното лице на правното лице.