×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дваесет и втора седница на Совет

    10.03.2010 10:41 | KumanovoNews

     Советот на Општината Куманово утре ќе ја одржи дваесет и втората-редовна седница. На дневен ред ќе се најдат 12 точки,а ќе се расправа за годишниот извештај и завршната сметка на локалната самоуправа, финансискaта помош за работа на пречистителната станица,формирање на Фондација за култура и спорт и други.

    Дваесет и втора седница на Совет

     Дневен ред:

     1.Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово;2.Предлог – Завршна сметка на Буџетот на единицата на локалната самоуправа Куманово за 2009 година;

    3.Годишен Извештај на Општина Куманово за 2009 година;

    4.Предлог – Одлука за отпис на парични побарувања од сметки на Буџетот и Органот на Општина Куманово;

    5. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2010 година;

    6.Програма за финансиски средства потребни за работа на пречистителна станица за отпадни води во Куманово за 2010 година;

    7.Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици од 1 јануари 2009 до 31 декември 2009 година;

    8.Извештај за извршување на Годишна програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општината Куманово од 1 јануари 2009 до 31 декември 2009 година;

    9.Предлог – Одлука за основање на Фондација за култура и спорт „Куманово“ - Куманово;

    10.Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Тоде Мендол”, дел од У.Б. 62, плански опфат меѓу ул. “III МУБ”, ул. “Тоде Мендол”, ул. “Страшко Симонов” и ул. “Војо Карастојанов” – Општина Куманово;

    11.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на статутот на Ј.П. „Чистота и зеленило“ Куманово;

    12.Предлог – Одлука за измена на Одлуката за формирање на Комисија за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот за правни и физички лица за пресметка на данок на имот на подрачјето на Општина Куманово.