Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Освен тоа што треба да се најде начин и да се спречат граѓаните да бараат азил во земјите од ЕУ, државата мора да поработи и на економскиот развој во Липковскиот регион, но во исто време да внимава и на најзагрозената категорија граѓани, на стечајците - изјави евроамбасадорот Ерван Фуере при денешната посета на Општина Куманово.
Оваа е клучно прашања секаде во државата, на проблемот со стечајните работници мора да биде посветено големо внимание за да луѓето добијат некаква перспектива во понатамошниот живот,независно дали тоа ќе биде поврзано со ново работно место или некаков друг вид на помош - рече Фуере.
На средбата со градоначалникот и претставниците на политичките партии во Советот, зад затворена врата, евроамабасадорот разговарал за процесот на децентрализација и соработката на институциите на централно и локално ниво, како и проблемите со кои се среќаваат во соработка.
Процесот на децентрализација е важен за економскиот развој на општините, но само доколку премиерот и министрите кои доаѓаат во посета на Куманово, прво се сретнат со градоначалникот што ќе биде јасен сигнал за успешна соработка на централно и локално ниво без разлика на политичката припадност - рече Фуере.
Градоначалникот Зоран дамјановски се заблагодари на посетата и напомена дека Општината со својата работа дава свој придонес за побрзо зачленување на државата во евроинтегративните процеси.
Улогата на амбасадорот е да ни даде смерници како да поработиме со населението за да се спречиоваат несаканите појава. Азилот во овој момент за Македонија е неприфатлив затоа што сме демократска земја, која чекаме членство во ЕУ - рече градоначалникот.