×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мај за 1,5 % поскап од април, цените за разлика од мај лани повисоки за 3,3 посто

    10.06.2025 13:08 | KumanovoNews

    Инфлацијата за мај бележи пораст од 1,5 проценти, во однос на претходниот месец, соопштува Државниот завод за статистика.

    Мај за 1,5 % поскап од април, цените за разлика од мај лани повисоки за 3,3 посто

    Во однос на минатата, 2024 година трошоците пораснале за 3,3 посто, додека цените на мало се зголемиле во просек за 1,6 проценти.

    Најголемо поскапување има кај храната и безалкохолните производи од 4,1 %, разновидни стоки и услуги за 1,5 посто, алкохолните пијалоци, производи од тутун и наркотици поскапеле за 0,8 проценти, облеката и обувките за 0,5 %, рекреација и култура за 0,4 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3 %, домување, вода, електрика, гас и други горива и Здравје за минимални 0,1 %. 

    Најмногу поскапеле земјоделските производи, прехрамбените, индустриско- прехрамбените и пијалоците.     

    Цените во транспорт се намалиле за 3,6 %, ресторани и хотели се поевтини за 0,2 посто, а комуникациите за 0,1 проценти.