Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската болница набави повеќе апарати за потребите на своите пациенти. Современата опрема ќе се користи на Одделенијата за рентген, физикална терапија и во операционите сали.
„Со наши средства набавени се пет монитори, оксиметар, инфузомат, дефибрилатор, наменети за операционите сали, ехо апарат за рентген,а Одделението за физикална терапија доби три модерни апарати“ - вели директорот Ариф Љатифи.
Новиот ехо апарат пациентите ќе го користат со упат од матичен лекар и минимална партиципација од 100 денари.
Во последните шест месеци обемот на работата на болницата во Куманово се зголемила за 25%, поради што надлежните најавуваат дека се во преговори со Министретвото за здравство за набавка на нови апарати.