Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Белгија денеска тргнувал првиот автобус со лица од кумановско-липковскиот регион кои не добиле азил и сега се враќаат дома.
Автобусот со 41 патник во придружба на двајца претставници од белгиското министерство и преведувач, се очекува во Куманово да стигнат утре вечер.
Македонските државјани ќе бидат вратени во државата откако Брисел децидно кажа дека нема основа за добивање политички азил, со оглед на тоа земјите од кои доаѓаат имаат демократско уредување и ги почитуваат човековите права и граѓанските слободи.
Белиески претставници вечера го посетија Липково за да на лице место се уверат во условите во кои живет граѓаните.