×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе ангажира 11 образовни асистенти

    20.08.2020 10:31 | KumanovoNews

     Општина Куманово ќе ангажира 11 образовни асистенти, кои ќе помагаат на при совладување на наставните содржини на ученици со попреченост.  Со овој проект е предвидено да се ангажираат невработени лица, преку програмата за општинско-корисна работа за проектот „Моќта на децата.

    Општина Куманово ќе ангажира 11 образовни асистенти

    Според објавениот оглас, потребни се: професор по одделенска настава (на македонски и на албански јазик), педагог, психолог, дефектолог (специјален едукатор и рехабилитаторза лица со попреченост), социјален работник, социолог или слично.

    Невработените лица ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време (20 работни часови неделно), при што за време на деветмесечното ангажирање статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица корисници на социјална помош за времетраењето на работниот ангажман ќе им биде активно правото за користење на социјална помош.

    „Евидентираните невработени лица коишто ќе се пријават на овој оглас треба да припаѓаат на една од следниве групи невработени лицa: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица на 5 години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, лица корисници на гарантирана минимална помош, лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност, лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа, жени припадници на ромска етничка заедница и на останатите етнички заедници, лица припадници на ромска етничка заедница, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, родители на 3 и повеќе деца. Предност ќе имаат лицата кои се јавуваат првпат“, се дополнува во соопштението.

     За лицата кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата се предвидува паричен надоместок од девет илјади денари  бруто износ, со вклучен данок на личен доход и осигурување на инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.

    Заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата Општинско-корисна работа, можат да поднесат во Агенцијата за вработување Куманово од 22.8.2020 до 26.8.2020 година од 8 до 14 часот.

    Општинско-корисна работа се реализира во соработка помеѓу Агенцијата за вработување, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Куманово, а се финансира од Буџетот на Агенцијата за вработување и е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија.