×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пијани возачи нападнале полицаец

    22.03.2010 11:08 | KumanovoNews

     Во  сабота во 07.20 часот на автопатот Скопје-Куманово, на наплатна рампа „Романовце“, лицата Б.А.(24), Ш.А.(23) и М.А.(1985) од Куманово, го нападнале полицаецот  С.Ѓ.(35), кој се обидел да спречи инцидент меѓу момчињата и шоферите кои чекале да ја поминат рампата.

    Пијани возачи нападнале полицаец

     Трите момчиња двиѓејќи се со опел кадетодбиле да платат патарина, при што го блокирале патот и зад нив се создала колона од возила. Во тој момент М.Т.(46) од Скопје и Г.Б.(32)  кои биле во „форд“ со скопски таблички, неколку пати со звучен сигнал го предупредиле возилото пред нив да го ослободи патот. При тоа Б.А. и Ш.А. излегле од возилото и почнале со раце да удираат по нивното возило, а потоа ја отвориле вратата и на возачот му упатиле пцовки и погрдни зборови. Веднаш потоа, преку прозорецот на возилото и физички го нападнале М.Т., удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Во тој момент,полицаецот С.Ѓ. се враќал од работа, излегол од своето возило, кое исто така било во колоната и тргнал кон лицата со намера да го спречи нападот. Кога го виделе, Б.А. и Ш.А. почнале да го навредуваат упатувајќи пцовки и навредливи зборови, по што и физички го нападнале, туркајќи го со раце по телото. Тогаш и вработените во наплатната станица излегле и ги отргнале напаѓачите од полицаецот. Насилниците влегле во своето возило и заминале кон Куманово, но набрзо биле пронајдени и приведени во СВР-Куманово.На тројцата им е извршено  алкотестирање, при што кај Ш.А. е констатирано присуство на алкохол во крвта од 0,92 промили, а кај Б.А. 1,16 промили. СВР-Куманово превзема мерки за целосно расчистување на случајот.