×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не е време за себефалење, туку за себежртвување

    Бране Петрушевски

    Интересно месецов во Куманово е што секој ден имаме некој нов самопромовиран „татко на градот“. Па си ги поставувам прашањата: Од каде таа желба да се биде „татко на градот“? Зошто баш татко? Јас па се си мислев титулата „татко на градот“ се заслужува и ја дава народот, а не се самономинира за неа. Оно да ти било едноставно, само кажуваш сакам да бидам „татко на градот“ и готово...

       Сепак, јас наивно мислев дека оваа титула ја заслужуваш со служење, со помагање, со грижа за интересите на народот. Си мислев најпрвин треба да се реализираат проекти, ама сериозни и крупни инфраструктурни проекти, кои ќе ги решаваат проблемите на сограѓаните. Нешто во стил на нова обиколница околу градот, со што ќе се намали сообраќајниот метеж. Или изградба на нови паркови и зелени површни, кои ќе бидат прибежишта на кумановци од жештините, но и ќе ја помогнат заштитата на животната средина. Или во 21-от век да се изградат водоводи, канализации и пристапни патишта до сите неселни места во градот, нешто што требало да биде завршено во минатиот век. Можеби да се изгради ново училиште, а постојните да ги заличат на европските. Барем да се изгради модерна депонија и да се унапреди управувањето со сметот на европски начин. Да се развие проект на „смарт сити“, односно употреба на ИКТ во секојдневното менаџирање со градот. Доколку постои можност да се изгради систем за парно загревање користејќи ги топлите извори во близина на Куманово. Гасот да се направи достапен да може да го користи секое домаќинство. Градење на нови булевари, нови улици... Некој нов спортски објект или барем да се реновираа старите како спортската сала, градскиот фудбалски стадион. Организирање на нови атратктивни културни настани, кои ќе привлечат луѓе по угостителските објекти во градот. Да никне некаде некоја вистинска катна гража, со пропратни комерцијални објекти... Некаква индустриска зона во која фабрики ќе имаат реномирани светски компании, а кумановци ќе работат, но и ќе учат за нови технологии...

       И вакви идеји имам бесконечно или сè она што до сега не е направено во Куманово. И токму затоа никој до сега, барем според мене, не ја заслужил титулата „татко на градот“. А, ако се прашувате од каде е желбата на многумина да бидат „татко на градот“, едноставно е, само ќе ве упатам на енормниот општински буџет, на годишните планови за јавни набавки на општината и јавните претпријатија, и кој ги добива тендерите,  на годишните планови за нови вработувања во општината и јавните претпријатија и кој се вработува...

       Сето ова што се себеноминира за „татко на градот“ е веќе видено во Куманово, не еден или на друг начин. Тоа е матрицата која 30 години ја има власта во градот. Само хвалоспевите за Куманово и кумановци се нови. Затоа нов коцепт, нова доктрина, нови луѓе, свежи идеи, жртвување... Единствено тоа може да го извади Куманово од оваа комунално блато во кое се дави. Сега не е време за себефалење, туку за себежртвување... За да се надополни пропуштеното...

    Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*