×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО ИНКВИЗИЦИСКА

    Филип Јаневиќ

    Дека Земјата се врти околу Сонцето е добро познат факт. Една од првите лекции по природа и општество во основното образование па дури и во самите градинки е токму таа. Колку и да ни изгледа денеска овој факт како нешто што само по себе се подразбира, историјата на прифаќањето на истиот на европскиот континент, има своја мрачна страна. Накратко таа оди вака: Грчката астронимија имала свои значајни теоретски достигнувања, но оваа епоха ја одбележува геоцентричното сфаќање дека Сонцето и сите други вселенски објекти се вртат околу Земјата. Дури и самиот Аристотел ја застапувал оваа теза. Ваквата идеја живее 2000 години, кога во 1543 непосредно пред својата смрт, Никола Коперник ја оспорува во своето дело "De revolutionibus orbium coelestium"  (За кружење на небеските тела) каде ги поставува темелите на хелиоцентричниот систем , односно Земјата е таа која кружи околу Сонцето, а не обратно. Увидувајќи ја опасноста, римокатоличката црква, лично преку папата ја забранува книгата и ја става на т.н Список на забранети книги. Оваа идеја силно ја подржува и Галилео Галилеј кој поради ваквиот негов став завршува во куќен притвор до крајот на неговиот живот, а инквизицијата го принудува да се откаже од ваквиот став. Дури во 1992 Јован Павле II ја укинива пресудата на инквизицијата против Галилео и јавно бара прошка. Најлошо поминува Џордано Бруно. Поради своите слободарски идеи и силната подршка на хелиоцентричниот систем на Коперник, инквизицијата жив го спалува на плоштадот во Рим во 1600 година. Дури неколку века подоцна црквата го напушта својот став за Земјата како центар на универзумот.

    Поентата е дека за нешто дали е вистина или не, во никој случај не одлучува колку една теза/идеја има или нема приврзаници. Одлучува силата на аргументите, а не бројноста на подржувачите. Груевски да бил на местото на папата кој ја забранил книгата на Коперник (слично на обидот за забрана на бомбите) покрај самата забрана би одржал и избори на кои би ги прашал граѓаните да одлучат дали Земјата се врти околу Сонцето или обратно. Токму тоа и денеска го прави. Како најголем плашливко се крие зад својата инквизиција (УБК,УЈП,МВР,медиумите) и заедно со нив сака да оди на избори, надевајќи се дека ако победи тоа ќе е најдобар доказ за неговата невиност. Неговите медиуми се тука за да ги спалат сите кои мислат поинаку, и на јавна сцена да ги осудат за ерес. Погрешни се тезите дека ДПМНЕ или опозицијата не сакаат избори во април. Напротив и двете страни посакуваат избори, разликата е што Груевски сака инквизицијата со полна пареа да работи во негова корист, додека опозицијата оди на карта преку имплементација на договорот од Пржино да се создатат минимум фер предуслови за тие избори.

    НАШАТА РЕАЛНОСТ

    Проблем е што овие преговори се гледаат како на преговарање помеѓу неколку политички партии. Напротив, истите треба да се гледаат како на преговори во кои учествува опозицијата од една и 3 криминални кланови од друга страна. Така текот на преговорите добива своја логична смисла. На пример, неколку невладини пресметаа дека само за Миле Јанакиевски доколку биде осуден за сите кривични дела го чека над 25 години затвор. Груевски и Мијалков исто така имаат фина минутажа. Во таа насока неможете да очекувате од оваа екипа дека ќе обујат собни папучи и ќе гледаат Велики Брат. Знаејќи дека со имплементирање на договорот од Пржино посебно делот на специјалното обвинителство остануваат ем без пари ем во апс, на сите начини се обидуваат да го опструираат. И такавата реакција е нормална и треба да се очекува затоа што влоговите, се главите на секој од нив. Во политиката има едно важно правило и тоа гласи одприлика вака: Ако имаш проблем и неможеш да го решиш, тогаш не ти е потребено решение, туку поголем проблем. Е сега погледните ги пробните балони од ДУИ за некакво посебно собрание на северозападна Македонија. Најавуваат демек тогаш ќе видиме што е вистинска криза. Ваквото играње на меѓуетнички конфликт секогаш кога оваа мафијашко-тендерска коалиција ќе се најде во проблеми до гуша веќе ја видовме во Куманово. Да потсетам дека настаните во Куманово се случуваа во момент кога бомбите имаа разорувачки ефект за власта, има секојдневни протести пред Владата(посебно по разговорот за М. Нешковски), а бомбата за Монструм сеште не беше објавена. Ако се вратиме малку наназад ќе се потсетиме и на "караницата" на ДПМНЕ и ДУИ околу претседателските избори. Токму бојкотот на ДУИ и наводното непризнавање на Иванов, овозможија негов втор избор. Соочени со меѓународен притисок и разобличени пред домашната јавност, очигледно дека оваа структура на власт сериозно работи на креирање на тој нов поголем проблем. Резултатите би требало да ги видиме сите ние во наредниот период.

    Груевски дефинитивно паѓа. Она што останува како дилема е дали ќе успее да не повлече сите нас заедно со него.

    Филип Јаневиќ Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*