Анкетa: Колку сте задоволни од информирањето на Кумановоњуз?
11.03.2022 22:19
| KumanovoNews
Почитувани читатели на Кумановоњуз,
Изминатата година нашиот портал воведе неколку новини, со цел да ја збогати медиумската продукција и квалитетот на информирањето.

Најзначајно е прераснувањето од локален во регионален портал и пласирањето на содржини од целиот Североисточен регион, како и продукција на видео прилози, односно мултимедијални содржини.
Бидејќи Кумановоњуз постои заради читателите и нивното задоволство од нашето информирање, Ве повикуваме да одговорите на кратката анкета, која ќе ни помогне во нашиот натамошен развој и збогатување на содржините по вкус на публиката.
Анкетата е анонимна.