×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седниците на Советот на Општина Тетово започнаа да се пренесуваат во живо

    25.11.2021 08:40 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Ветување: Директен пренос на седниците на Советот на Општината

    [Извор:Официјална Фејсбук страница на Општина Тетово, датум: ноември 2021]

    Седниците на Советот на Општина Тетово започнаа да се пренесуваат во живо

    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

    Градоначалниот на Општина Тетово, Биљал Касами во програмата „100 дена Општина Тетово“, која ја објави во јавноста на прес-конференција на 16 ноември, но и на официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово, меѓу другото, вети „директен пренос на седниците на тетовскиот Совет што ќе започне уште на првата конститутивна седница на Советот“. Ова негово ветување е исполнето. Конститутивната седница на Советот се одржа на 18 ноември и таа се пренесуваше во живо преку официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово.

    Градоначалникот Касами од говорницата во салата на Општина Тетово каде се одржуваат седниците изјави:

    Ќе ги оствариме сите програмски точки што ги ветивме, па и ова ветување, а со цел да има поголема отченост.  Инсистираме на квалитетни услуги за сите граѓани,  во оваа насока ќе бараме отчет од сите директори и ќе се залагаме општината да биде отворена за јавноста. Па, затоа денес имаме директно пренесување на конститутивната седница на Советот.

    Биљал Касами градоначалник на Општина Тетово  Фото: Вистиномер

    Новиот претседавач на Советот на Општина Тетово, Бесар Дурмиши истакна дека пренесувањето во живо на седниците на Советот, освен што е дел од програмата „100 дена Општина Тетово“, преставува и барање на независната листа на советници, а сè со цел поголема транспарентност и отчетност на локалната самоуправа.

    Бесар Дурмиши новиот претседател на  Советот на Општина Тетово        Фото: Вистиномер

    Па, со оглед на тоа дека седниците на Советот на Општина Тетово започнаа да се емитуваат онлајн преку официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово, ова ветување на градоачалникот Биљал Касами дадено во програмата „100 дена Општина Тетово“, го оценуваме како исполнето.

     

    ИЗВОРИ:

     

    Оцени: Зоран Димовски

     

     


    Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар