×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Осоговските планини мамат се повеќе љубители на планинскиот велосипедизам

    26.04.2022 10:21 | Жаклина Цветковска

    Љубителите на природата и велосипедизмот го искористија продолжениот викенд и убавото време, за рекреативни дружења на Осоговските Планини, кои беа посетени од голем број авантуристи.

    Осоговските планини мамат се повеќе љубители на планинскиот велосипедизам

    Планинските патеки се особено интересни за велосипедистите од Крива Паланка, но и од другите градови во државата, кои во сопствена режија организираат велосипедски тури со избор на најатрактивните предели од Осоговието и околните туристички локалитети.

    „Она што нам ни претставува задоволство е уживањето и слободата во природата. Крива Паланка изобилува со прекрасни предели кои треба да се видат и доживеат. Во секоја слободна прилика сме на велосипед, во планина, во околните села, кон испосницата на св.Јоаким Осоговски во Грдец, кон Црцорија, Калин Камен. Уживање е секое ново дружење на отворено, на чистиот планински воздух“ вели Александар Ристовски, еден од младите велосипедисти, рекреативци.

    Тој посочува дека на нивната велосипедска група редовно се приклучува и младиот велосипедист Данаил од Прилеп, заедно со свои пријатели на кои им ги промовира убавините на Осоговието, кое има одлични потенцијали за развој на спортско-рекреативен туризам.

    Рекреативните тури обично се состојат со посета на манастирот Св Јоаким Осоговски, локалитетот Калин Камен и други планински предели на Осоговието , Градски музеј Крива Паланка и испосницата на Свети Јоаким Осоговски во село Градец.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk