×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Староградска етнолошка изложба „Од паланчани за паланчани“ во Градскиот музеј од Крива Паланка

    25.10.2023 15:39 | Жаклина Цветковска

    Подарени предмети – раскажана историја  претставува староградската етнолошка изложба „Од паланчани за паланчани“  на Градскиот музеј од Крива Паланка на која се претставени репрезентативни  предмети од старите кривопаланечки фамилии.

    Етнолошките староградски предмети датираат од крајот на 19 век и првата половина на 20 век, сведочат за градскиот живот на  Крива Паланка и  ја отсликуваат староградската  култура и традиција.

    „Староградската етнолошка збирка содржи уникатни предмети што биле сопственост на личности кои биле значајни во историјата на регионот, занаетчии, трговци кои го носеле со себе новиот бран на идеи и погледи на животот. Сите овие предмети се прибрани од стучни лица од Градскиот музеј преку записници и договори за подарок и откуп од граѓани-поединци и познати фамилии од градот“, вели Наталија Милковска, кустос етнолог, автор на изложбата.  

    Изложбената поставка го дополнува животот во Крива Паланка  и развојот на самиот град, преку кој се добива поцелосна слика за економскиот и социјалниот живот, за историските и културолошки корени. Благодарение на нив некогашна Крива Паланка се уште може да се види, да се почувствува преку оригиналната покуќнина, мебел и карактеристични елементи за градските семејства, чаршијата и градот.

    „Меѓу изложените предмети има вредни бакарни садови, староградски фустани, килими, ковачки, грнчарски и терзиски производи кои биле изработувани во градската чаршија, ракотворби , плетенини,  чаршави и предмети за секојдневна употреба на луѓето. Меѓу нив има и такви кои се постари од 100 години и се чувале во семејните долапи. Сите тие се дел од животот на старите паланечки семејства, во себе носат многу интересни приказни, кои преку изложбената поставка продолжуваат да се раскажуваат и да живеат“, посочува Милковска.

    Низ  годините збирката континуирано се дополнува, а кривопаланчани  , се повеќе се приклучуваат кон комплетирањето на староградската композиција од вредни експонати,  донирајќи  свои семејни вредности.

    Изложбата е поддржана од Министерството за култура, а на фамилиите донатори им беа доделени благодарници. 

    Староградска етнолошка изложба „Од паланчани за паланчани“ во Градскиот музеј од Крива Паланка