Мени

Повредена жена на раскрсницата кај Автобуската станица

12.11.2026 13:26 | KumanovoNews

Педесет и четиригодишна жена е повредена  откако во неа удрил автомобил на крстосница меѓу  улиците „Братство Единство“ и „Доне Божинов“ во Куманово.

Повредена жена на раскрсницата кај Автобуската станица

Несреќата се случила вчера околу 13 часот, кога автомобил „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.В. од с. Старо Нагоричане, удрил во 54-годишната В.А. од Куманово.

По несреќата возачот го напуштил местото на несреќата, но набргу потоа бил пронајден.

Од ударот, со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Општа болница Куманово. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

(Фото: архива Кумановоњуз)