Бесплатно мерење на шеќер и крвен притисок организира Здружението на дијабетичари
Здружението на дијабетичари од Куманово, во соработка со учениците од здравствената струка при техничкото училиште „Наце Буѓони“, организира бесплатна акција за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок во Соколанскиот парк.
Акцијата ќе започне во 10 часот.
Во 18 часот, пак, во зградата на Комитетот, ќе се одржат и две едукативни работилници.
Првата работилница ќе биде на тема „Превенција, состојби и современ третман на дијабетесот“, а предавач ќе биде д-р Катерина Адамова, специјалист по ендокринологија.
Втората тема е „Компликации од дијабетесот и дијабетично стапало“, за која ќе говори д-р Зорица Медарова Стојковска од „Диавериум“.
Од Здружението ги повикуваат своите членови и сите заинтересирани граѓани да ги посетат активностите, бидејќи информираноста и грижата за здравјето се од особена важност за превенција и навремено справување со компликациите од дијабетесот.