Кривична пријава за претседателот на Општинскиот сојуз на спортови во Куманово
25.12.2024 18:30
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.К. (41) од Куманово, претседател на Општински сојуз на спортови Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Пријавениот доделените парични средства на Општинскиот сојуз од страна на Совет на Општина Куманово, не ги реализирал во нивниот целокупен износ, односно нереализираниот износ од 740.000 денари, не ја прикажал на Совет на Општина Куманово и самоволно 440.000 денари доделил на Ракометен клуб Куманово и 300.000 денари на Фудбалски клуб Студена вода-Доброшане“, соопшти МВР.