×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Кумановските пинпонгари најдобри на Новогодишниот и Божиќен турнир

    27.12.2021 14:45 | Жаклина Цветковска

    Кадетската екипа на Пингпонгарскиот клуб „Куманово“, во неделата настапи на традиционалниот Новогодишен и Божиќен турнир, во организација на академскиот Пингпонгарски клуб „Студент“ од Скопје.

    Кумановските пинпонгари најдобри на Новогодишниот и Божиќен турнир

    Со почитување на сите потребни мерки и протоколи, на турнирот настапија четворица кумановски пингпонгари и тоа: Андреј Васевски, Ведран Рангелов, Глигор Доневски и Јаков Кузмановски.

    „Оваа беше наша последна активност во 2021 година. Можам да бидам задоволен од прикажаната игра на моите ученици на овој турнир.  Андреј Васевски го освои првото место, извојувајќи победа над својот клубски другар Ведран Рангелов во финалето. Глигор Доневски е петти, а и нешто што посебно ме радува на овој турнир е првиот официјален настап на Јаков Кузмановски на едно натпреварување, кој покажа изразита борбеност и желба за натпреварување, како и љубов кон овој спорт“, истакна тренерот на Пинг понг клубот „Куманово“ Мики Трендафиловски.

    За време на зимскиот распуст пингпонгарите продолжуваат со неколку заеднички тренажни цикуси со други клубови, како и учество на турнир во Република Србија.

    „Учеството на турнирот ќе зависи од тоа дали ќе ги обезбедиме потребните финансии“, вели Трендафиловски.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk