×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Победа на јуниорките од КК „Крива Паланка“ против тимот на ЖКК „Бадел 1862“

    27.12.2021 15:06 | Жаклина Цветковска

      Женскиот јуниорски состав на Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ синоќа оствари значајна победа на гостувањето кај ЖКК „Бадел 1962“ во Скопје.

    Победа на јуниорките од КК „Крива Паланка“ против тимот на ЖКК „Бадел 1862“

    Паланчанки беа подобри во финишот на натпреварот и направија пресврт за конечни 60:62.

    „Нема подобар начин да се заврши првиот дел од сезоната во младинските лиги отколку со победа. Она што го карактеризира овој натпревар е отсуството на неколку наши стартни играчи поради здравствени причини, но тоа не беше пречка тимот предводен од извонредниот состав: Алексовска, Стоевска, Додевска, Станојковска, Цветковска, Стојковска и Стоименова, да одигра еден од можеби најдобрите и воедно најнеизвесен натпревар сезонава“ изјави Мирослав Ивановски, тренер на „КК Крива Паланка“.

    Во поголемиот дел од мечот преовладуваше резултатска изедначеност,со промена на водството на двете страни, а неизвесноста траеше до последната минута, кога Алексовска со клучните поени го донесе пресвртот и водството за паланчанки за краен резултат 60:62.

    Од Клубот истакнаа дека со овој натпревар се заокружени сите натпреварувања во младинските лиги во кои настапуваат во женска конкуренција, каде се натпреваруваат во М-14, М-16 и М-18 лигата.

    Во сениорска конкуренција во третата лига мажи исто така е пауза, додека во прволигашката женска  конкуренција КК „Крива Паланка“ ја заврши полусезоната со мечот против ЖКК „Вардар“, каде претрпеа пораз.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk