Агим Бислими нов директор на Кумановскиот музеј
Агим Бислими е назначен за нов директор на Националната установа Музеј Куманово.
Бислими е магистер по градежништво, дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Приштина, а од 2009 година е дел од тимот на НУ Музеј Куманово како документатор. Предходно работел во Владата и Министерството за култура.
„Како долгогодишен познавач на функционирањето на установата, негов приоритет ќе биде понатамошниот развој и модернизација на музејската дејност, унапредувањето на условите за работа, заштитата и презентацијата на културното наследство, како и реализацијата на проекти кои ќе го доближат музејот до граѓаните, младите и посетителите. НУ Музеј Куманово ќе продолжи да се развива како современа културна институција и значаен чувар на културно-историското наследство на регионот“, велат од Музеј Куманово.
Тој доаѓа на мeстото на досегашната директорка Марија Живачки.