Акција за собирање кабаст отпад на три локации во Куманово
Од петок до недела ќе се спроведе акција за собирање кабаст отпад на три локации во градот.
Контејнерите ќе бидат поставени во дворот на ОУ „Толи Зордумис“, кај ОУ „Христијан Карпош“ во населбата Иго Тричковиќ и на улицата „Тоде Думба“, кај Кошеви.
Акцијата ја организира ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, со цел да се спречи расфрлање кабаст отпад на јавни површини.
„Во овој период од годината се врши пролетно чистење и уредување на домовите, па сакаме да им овозможиме на граѓаните непотребните работи да ги одложат на едно место, наместо на диви депонии. Со тоа ќе се избегне грдата слика од затрупани локации со стар мебел и друг вид кабаст отпад низ градот“, вели директорот Сашо Томиќ.
Собирањето на кабастиот отпад ќе започне на 22 мај 2026 година во 12 часот и ќе трае до 24 мај 2026 година до 12 часот.
Вакви акции и досега се организираа во други делови на градот и дале резултати.