Александар Крстевски нов директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“
14.05.2026 10:54
| KumanovoNews
Александар Крстевски е избран за директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово.
Доаѓа на местото на Дејан Стојановски, кому му заврши вториот мандат на раководење со установата.
Крстевски е доктор по политичка економија, магистрирал психологија и економија, а досега работеше во како раководител на Секторот за култура, спорт, социјална заштита и заштита на деца при Општина Куманово.
Како единствен кандидат на огласот распишан минатиот месец, тој е избран од Управниот одбор со мандат од четири години.