Атлетичарката Јана Анастасовска постави нов државен рекорд на 60 метри со пречки
Јана Анастасовски, членка на Атлетскиот клуб Куманово, постави нов државен рекорд на трката на 60 мети со пречки, на Меѓународниот атлетски митинг "11 Октомври", кој викендов се одржа на атлетската патека во Куманово.
Во меѓународна конкуренција на трката на 60м со пречки, во категоријата под 16 год. Јана освоила првото место, со резултат од 10.19 сек. и со тоа го урнала предходниот државен рекорд кој изнесува 10.38 сек.
„Имено иако ова е рекорд под 16 год., Јана има 14 години, односно таа е цела година помлада, така што има можност и наредната година да го подобри овој рекорд, односно да го надмине со уште подобар резултат. Од Јана очекуваме и рекорди во други атлетски дисциплини и да ја продолжи традицијата на АК „Куманово“ и оваа година, со барем еден државен рекорд. Таа е само уште еден член на АК Куманово што се запиша на листата на државни рекорди“, велат од клубот.
Јана имала севкупно одличен натпревар со победи и во другите дисциплини во кои настапила, односно скок во далечина и на трката на 60м.
Атлетскиот клуб „Куманово“ минатата година имаше четири државни рекорди, односно тројца членови успејле да влезат на листата на државни рекорди.