Бадник е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед
04.01.2022 10:02
| Сузана Николиќ
Четврток, Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ", бр.21/98 и 18/07).
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.