×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот останува по иста цена

    18.05.2022 15:28 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на бензините за 2,5 денари/литар, додека цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.

    Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот останува по иста цена

    Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 94,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96,5 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.

    Дизелот и натаму ќе чини 86 денари/литар, а екстра лесното масло за домаќинство 84 денари/литар.

    Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 4,216%, кај дизелот за 0,650%, кај екстра лесното масло за 1,312% и кај мазутот зголемувањето е за 3,708%.