Без електрична енергија делови од Куманово и околината
24.08.2026 08:47
| KumanovoNews
Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска и во наредните денови без електрична енергија ќе останат делови од Куманово и околните населени места.
Денеска, од 8:30 до 14:00 часот, без струја ќе биде дел од селото Сопот, на потегот кон караулата.
Од 8:45 до 14:30 часот, прекин ќе има во делови од Бедиње, односно на улиците „11-ти Ноември“ и „Трајко Јовановски Кмет“.
Од 9:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат и објектите околу ресторанот „Аркус“.
Утре, на 25 август, од 8:00 до 13:00 часот, планиран е прекин во село Бабин Дол, на дел од населбата на излезот кон селото Биљановце.
На 10 септември од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат селата Косматац, Мургаш, Пезово, Кшање, Кокошиње и Кутлибег.